Островот на Индискиот Океан кој плени со неговите долги и бели плажи, кристално чиста вода и прекрасна клима, освен пејсажите кои маѓепсуваат, нуди и незаборавна романтична вечера во Камениот ресторан.
Егзотичното место е лоцирано на плажата Michanwi Pingwe, каде, на огромна карпа која се наоѓа над водената површина, е изграден мал но идиличен ресторан, кој плови како кану.
Главен специјалитет е секако морската храна, која е секогаш свежа и вкусна. Освен уникатната и прекрасна локација, ресторанот е познат и по вкусната и квалитетна храна.
Свежиот звук на брановите на океанот, бескрајното синило и мирисот и вкусот на топлиот оброк нудат незаборавно и уникатно доживување во духот на Африка.