Калориска бомба: Овој хамбургер е инфаркт на чинија

Со речиси 2.000 калории, преполн со масти, шеќер и сол, овој хамбургер е вистински „инфаркт во чинија“.

Хамбургер во крофни може да се најде во ланецот за брза храна „Хангри хорс“ и се состои од две говедски плескавици, топено сирење, четири парчиња сланина, сос и две крофни со глазура.

Ова е дефинитивно еден од најнездравите оброци било кога создадени.

535383_burger2-foto-hungry-horse_ff

Количината од 1996 калории е всушност 98 проценти од препорачаната дневна доза калории за жени. Во овој бургер исто така се наоѓаат 53 грама заситени масти, што е многу повеќе од препорачаното. Бургерот содржи и 8,2 грама сол, додека за возрасни е дозволено да внесат до шест грама. За да согорите еден бургер, потребно е да трчате три часа без престан.

Заедно со помфритот ќе внесете речиси 3.287 калории.

Нутриционистите предупредуваат дека ваква храна доведува до раст на крвниот пристисок, ја зголемува можноста за добивање на срцев удар и дијабетис од типот 2.

535382_burger1-foto-hungry-horse_f

- Реклама -