Какво време нѐ очекува до крајот на неделава

Натпросечното топло време со многу високи температури на воздухот за овој период од годината и официјално ќе се задржи до крајот на месецов.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степен. Мал пад на истите ќе има од четврток, па за време на викендот, информира метеорологот Славчо Попоски.

Ваквото време и тоа како многу лошо ќе се одрази кај поголем дел од граѓаните каде расте опасноста од појава на вируси.

Промена на времето можна е некаде околу 30, 31 октомври односно на самиот крај на овој и почетокот на ноември месец.

Времето денеска

Времето беше сончево и топло со слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 25 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.

- Реклама -