Жените не мораат да бидат исклучително убави за да ги привлечат мажите крај себе.
Многумина имаат свој шарм, што делува како магнет за посилниот пол.
Погледнете со што најчесто се карактеризираат жените што ги привлекуваат мажите, независно од нивните недостатоци и физички предиспозиции.
Насмевката и колоковите говорат многу
Експертите за говор на телото истакнуваат дека кај жените е најважно да ја разбудат сексуалноста, со помош на колковите. Пуштете ги лесно да се нишкаат, додека чекорите. Исправете ги рамењата, истакнете ги градите кон напред, подигнете ја главата. Притоа, најважно е сето тоа да го разубавите со насмевка, бидејќи насмевката му сигнализира на мажот дека жената е отворена за комуникација, а ако нема насмевка, жената остава впечаток на непристапна личност. Значи, тајната е во колковите и насмевката.
Вечна младост
Младоста е клучен елемент на привлечност, но не станува тука збор за физичката младост, туку онаа на духот. Имено, младоста не е кожа без брчки и цврсто тело. Таа се осликува со ставот кон животот, во вечната невиност и детската енергија. На потсвесно ниво ова кај мажите предизвикува желба. Тие чувствуваат кога жената во себе ја носи оваа свежина. Тоа се оние жени кои не допуштаат да живеат според туѓите мислења и очекувања. За нив животот е игра, во онаа најсимпатична смисла.
Љубовта не може да се глуми
Многу жени грешат во животот кога се доведуваат во ситуација дека едноставно им е потребен маж крај себе. Да сакате некого и да бидете поврзан со него се две различни нешта. Кога размислувате за потребите и среќата на другата личност, тоа е љубов. А кога размислувате дека потребите во тој однос не ви се исполнети, и како таа личност не се грижи доволно за вас, тогаш е поврзаност. Љубовта исклучува страв, а поврзаноста е исполнета со страв. Мажите можат да ја почувствуваат очајната потреба на жените од маж, како што можат да почувствуваат и искрена љубов.
Опуштеноста е афродизијак
Кога мажот нагло станува незаинтересиран, жените се склони да реагираат премногу емотивно. Меѓутоа, тоа само ја влошува ситуацијата. Жените допуштаат емоциите да им го контролираат однесувањето, и тоа е проблем, бидејќи ја намалува привлечноста. Со претераната загриженост, го намалувате животниот елан што го привлекува мажот. Мажите сакаат позитивни жени. Во ред е да се чувствувате тажно или луто, поради некои негови потези, но не и да допуштите тоа да ви го уништи животот.