Автомобилскиот портал Edmunds состави рејтинг на машките и женските автомобили , а за целта од сајтот се користеле податоци за сопственоста на автомобилите. Истражувањето опфатило вкупно 10 милиони возила.
Податоците покажуваат дека жените ја преферираат безбедноста (76 проценти , наспроти 61 отсто кај мажите ) . Понежниот пол , исто така ја зема во предвид цената , а исто така и ниската потрошувачка на гориво (72 проценти наспроти 50 отсто за мажите ) .
Потсетуваме дека пред неколку дена беа објавени најдобро продаваните автомобили во 2013 година Резултатите покажуваат дека со над 90 проценти во машка сопственост се сите модели Lamborghini , McLaren и Ferrari , кои ги надминаа Aston Martin и производителот на електрични автомобили Fisker .
Во топ 10 на „машките автомобили ” се најдоа уште и брендови како Lotus , Ram , Maserati , Rolls Royce и Tesla . Изборот на жените паѓа најчесто на Mini , Kia , Fiat , Mitsubishi и Hyundai .