Каква држава, таква мафија

Италијанската мафија смисли како да „работи“ и во услови на корона

од Слободен печат10/04/2020 – 14:150
Криминалните организации во Италија делат прехрамбени производи на најсиромашните со цел да ги привлечат во време на корона вирусот, предупредува Роберто Савијано.

Италија како една од најпогодените држави во светот се наоѓа во целосен карантин и се справува со последиците на коронавирусот. Војската и полицијата се на улиците, владее полициски час, а на сила се мерките за контрола на сите можни движења на населението, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Јавниот и професионалниот живот е замрен, бизнисот стопиран. Сите овие мерки не ги заобиколија ниту светски познатите италијански мафијашки кланови, на кои идентично како и легалните институции, им е запрен бизнисот.

Припадници на италијанската војска и полиција ги проверуваат сите возачи кои поминуваат на контролната точка помеѓу Бресо и Чинисело Балсамо, во близина на Миланo.

Мафијашките групи се обидуваат да допрат до некои компании кои сега се соочуваат со тешкотии и чекаат финансиска помош, вели Роберто Савијано, кој е автор на книга посветена на делувањето на неаполската криминална група „Камор“.

– Станувате партнери бидејќи сте „загризале“. Тоа не е исто како кога некој би ви дошол со пиштол, туку станува збор за финансиски советници во одреден момент“, додава Савијано.

Според неговите искази, доколку Европа не интервенира, на неконтролиран начин ќе се размножи мафијашкиот капитал кој се наоѓа во Германија, Франција, Шпанија и Белгија.

Покрај тоа што им делат храна на најсиромашните тие на барање на „Камор“ ја укинаа каматата за позајмени пари.

– Зошто? За да добијат нешто за возврат, вели Савијано, кој во моментов живее во Њујорк, а претходно имаше и полициска заштита по издавањето на неговата книга во 2006 година поради голем број закани кои пристигнаа на негова адреса.

- Реклама -