Каква боја на очи ќе ти има детето

blue_eyes_cute_baby-wide-1024x640[1]

Никој не може да каже со сигурност каква боја на очите ќе има твоето бебе, дури ни науката. Ама сепак, постојат одредени законитости, кои пресметани во проценти, ја покажуваат веројатноста детето да се роди со кафени, сини или зелени очи.

На пример, ако двајцата родители се со кафени очи, тогаш веројатноста бебето да е со иста боја на очите е цели 75%. Од друга страна, тоа не ја исклучува можноста детето да ти влезе во другите 25% и да се роди со зелени или сини очи. Или друг пример, ако еден од родителите има зелени, а другиот кафени очи, постои 12.5% шанса детето да има сини, шанса што во случаи каде што двата родитела имаат зелени очи – изнесува 25%. Од друга страна, ако двајцата родители имаат сини очи, шансите се 99% дека и детето ќе има сини очи (види Швеѓани).

…А да, бојата на очите на бебињата знае и да се менува. Промените се најинтензивни на возраст од 6 до 9 месеци. До овој период, ирисот веќе има „насобрано“ доволно пигмент, па ова е добар период за да типувате за финалната боја на очите на детето, во случај да ја заборавите табелава.

очи

 

- Реклама -