Синот на Арнолд Шварценегер, 19-годишниот Патрик, со татко му ја дели љубовта кон вежбањето. Тој на Твитер објави фотографија на која позира без маица покажувајќи ги мускулите.
„Утринско пумпање. Кој се обидува да влезе во форма за лето? Сакам да качам три килограми“, напишал Патрик под фотографијата.
Иако татко му денеска изгледа како било кој средовечен маж, тој дури седум пати ја освои титулата Мистер Олимпија на натпревари во бодибилдинг.