Каков е вашиот пристап кон животот? (Тест)

Психолозите одамна сфатиле дека сликите можат да овозможат лесен пристап до нашите умови и да прикажат одредени црти од нашиот карактер. 

Таков е и овој тест, во чија што основа се наоѓаат 9 слики.

Изберете една од нив, која што според вас најдобро одговара на вашиот карактер. Подолу има опис на она што го симболизира секоја од сликите. Така ќе можете да дознаете повеќе за себе и емоционалните карактеристики.

Еве ги сликите:

sliki

1. Независни

Условите на животната средина влијаат незначително врз вас. Имате потреба од слобода во сè, без да ве притискаат. Вие самите го избирате начинот на живот и никој не може да ве спречи.  Цврсто се држите до својата независност, иако често го правите токму спротивното на она што се очекува од вас. Вие живеете предводени од сопствените идеи.

2. Динамични и активни, екстроверт

Подготвени сте да ризикувате и да правите големи инвестиции во името на интересна и разновидна активност. Рутината буквално ве парализира. Љубовта завзема активно учество во сите настани. Вашата иницијатива секогаш е многу силна.

3. Цврсто чекорите на нозете. Добро избалансирани, хармонични

Преферирате да бидете природни и тоа не ви претставува тешкотија. Луѓето ви се восхитуваат, бидејќи секогаш можат да сметаат на вас. Во вашата близина, тие се чувствуваат безбедно и ве перцепираат како човек со топло срце. Вие сте далеку од банални и претенциозни. Склони сте да бидете скептични кон каприците на модата. За вас облеката треба да биде практична, а домот скромен.

4. Добри професионалци, прагматични, самоуверени

Вие сакате да ги држите уздите во животот и да дејствувате, а не да се потпрете на среќа. Ги решавате проблемите рационално, без да ги усложнувате. Реалист сте и не запаѓате во флуктуации. Често ви доверуваат важна работа, бидејќи знаат дека можат да се потпрат на вас. Никогаш не сте целосно задоволни од направеното, бидејќи верувате дека секогаш може да биде подобро.

5. Мирољубиви и резервирани

Лесно е да се живее со вас и немате проблем со склопување на пријателства. Се однесувате мило како кон вашите најблиски, но и кон непознати лица. Благословени сте со задоволството да уживате во животот и да се забавувате, но по ваш вкус. Имате потреба од личен простор, па понекогаш да се повлекувате, но тоа не значи дека  се стремите кон изолиран живот. Вие имате постигнато духовен мир и го цените она што животот ви го пружа.

6. Безгрижни, радосни, весели

Ги сакате слободата и спонтаноста. Се обидувате да живеете со полна брзина, водени од мотото: “Живееме само еднаш!”. Вие сте многу љубопитни и отворени кон светот. Не ви се допаѓа преголемата поврзаност со што и да било. Сакате да експериментирате и да пронајдете нови ресурси. Секогаш сте подготвени за изненадувања.

7. Романтични, сонувачи, емоционални

Вие сте многу чувствителен човек. Свесно се откажувате од идејата да гледате на работите само од рационална гледна точка. Верувате дека секој треба да ги следи своите соништа, па затоа ја избегнувате комуникацијата со луѓе за кои романтизмот е туѓ и се водени само од здравиот разум. Се стремите кон тоа ништо да не ги ограничува вашите чувства и емоции.

8. Аналитички, сигурни

Вашата проценка на ситуацијата е со највисок квалитет. Според вас, во животот многу важна улога игра културата. Вие сте пронашле свој стил кој е елегантен, оригинален и слободен од каприците на модата. Вашата идеологија е сопственото задоволство. Не заборавате да направите проценка на културното ниво на луѓето со кои што разговарате.

9. Интровертни, чувствителни, сериозни

Вие сакате почесто од другите луѓе да „копате“ до суштината на работите, да работите врз себе и своите чувства. Не ги одобрувате површинските работи и лекомисленоста. Преферирате да бидете сами пред тоа да слушате празни приказни. Вашите односи со пријателите треба да се многу стабилни за ви овозможуваат внатрешен мир и хармонија. Во исто време за вас не е проблем да живеете самостојно долго време, затоа што самите со себе никогаш не ви е здодевно.

- Реклама -