Денес речиси и не може да замислиме како би функционирале доколку ја немаме на располагање мобилната технологија, како тогаш би комуницирале на далечина, дали некој би праќал писма место пораки во инбокс.
Секако и светот без неа би бил многу подосаден со недостигот на забава од играњето игри, гледање видеа и уште многу други благодети кои ни ги овозможуваат нашите мобилни телефони.
Qualcomm, производителот на мобилни чипови направи одлична реклама во која ја истражува токму таа тема. И пред да помислите дека се работи за нудење на некаква алтернатива на мобилните треба добро да го погледнете ова видео кое е пародија на социјалните мрежи, нашите навики на користење на технологијата воошто и сите тие активности направени без мобилен телефон изгледаат пеколно тешко.
[youtube]http://youtu.be/Cr5esKfUeYw[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk