Адолф Хитлер многу добро ја знаеше важноста на пропагандата и имиџот и затоа никогаш не дозволуваше да го снимаат без претходна најава (а тогаш немаше ни смартфони).
Првата асоцијација на Хитлер, кога не убива Евреи, е како се дере и отсечно гестикулира, а дека знае да зборува и како нормален човек – тешко. Ама ете, тајнава снимка од неговиот разговор со финскиот командант Карл Манерхајм, од 1942, ја покажува и таа ретко видена страна на Хитлер. Ако помисливте дека е лажна, не е, макар што многумина се сомневаа кога беше објавена, токму заради тоа што Хитлер зборува со премек глас. Дури и неговиот поранешен личен бодигард имаше проблем да поверува во автентичноста.
А да, и патем, единствена е. На сите други Хитлер се дере.