Ќе потрошиш едно минута и 40 секунди за да го стартуваш (исто и во видеото), ама потоа пред очите ти се отелотворува дефиницијата за „добро подмачкана машина“.
Овој овде е таканаречен Blackstone oil engine. Има 10 коњски сили и е конструиран во 1909 година. Најголемиот дел од својот живот го поминал пумпајќи вода од реката до мала градина.
Реоткриен е во раните ’90-ти и поправен во 1997 година. Сега работи како што работел и тогаш. Едноставен е колку што може да биде едноставен мотор со внатрешно согорување, а сепак, ги има сите компоненти кои се присутни и ден денес, под хаубата на Mustang GT од 2015-та, на пример.
Стартувањето е далеку посложено. Прво треба да ја загрееш комората за согорување со апарат за заварување, за да се вапоризира горивото. Понатаму видовте што се случува.