Научниците од Кина „преведоа” мозочна активност како музика.
На почетокот тие користеле само електроенцефалографија (ЕЕГ), за да компонираат мелодии.
Звуците, рефлексивните електричните импулси во мозокот, биле остри и нехармонични. Затоа користеле и динамичната слика добиена со функционална магнетна резонанца, која го покажува протокот на крв во различни делови на мозокот. Според мислењето на жирито составено од десетина музичари , резултатот наликува на музика, создадена од човек.
Авторите се надеваат дека еден ден слична музика може да се користи во третманот на анксиозност и депресија.