Истражување објавено во списанието „Archives of Sexual Behavior“ испитало како жените реагираат на жени во високи потпетици.
За да го дознаат одговорот на тоа прашање, четири жени замолиле и мажи и жени да учествуваат во истражување за храна.
Кога жените носеле викоки потпетици мажите имале поголема веројатност да одговараат на прашањата што јаделе (82 проценти одговарале на прашањата кога жените биле на високи потпетици, а 42 проценти кога носеле рамни чевли).
Но, на жените високите потпетици не им значеле премногу. Само 33 проценти од нив се согласиле да одговараат на прашањата, без разлика на висината на потпетиците кои ги носеле испитувачките.
Зошто мажите се повеќе склони на жените со високи потпетици? За да се тестира оваа очигледна хипотеза на привлечност, жените требале од најдат „мета“, да одат пред неа и да пуштат ракавица.
Неверојатни 93 проценти од мажите притрчале за жените во високи потпетици за да им ја вратат паднатата ракавица. 62 проценти од нив го направиле истото кога жените биле во рамни чевли.
Иако жените биле склони да притрчаат по жените на високи потпетици, сепак разликата била помала- 52 проценти ракавицата ја вратиле на девојката со високи потпетици, а 43 проценти на оние без нив.
На крај, истражувачите одлучиле да проверат дали високите потпетици ќе доведат до тоа мажите да одлучат да се спријателат со жените кои ги носат.
Стратешки ги распоредиле жените во потпетици на различни висини во три ноќни барови. Жените седеле на маса во близина на барот каде нивните чевли би биле видливи на оние кои стојат на шанкот. Во просек, на мажите им биле потребни 7,49 минути за да им пријдат на жените во високи потпетици, а 13,54 минути на оние во рамни чевли.
Чевлите можете да ги изберете во зависност од она што го сакате?
Сето ова наведено потврдува дека мажите имаат тенденција да ги користат физичките атрибути за да ја измерат атрактивноста на жените и да пронајдат потенцијален партнер. Тоа всушност и не е новост, но науката со ова истражување даде кредибилитет на нелогичниот и нездрав избор, односно напнатите прсти и вртоглави висини.
А што е точно толку секси во високите потпетици?
Инстражувачите ги обвинуваат медиумите кои силни си поврзуваат потпетиците и заводливоста. Исто така, високата пета може да го промени начинот на кој жената оди- нејзините колкови повеќе се нишаат.
Но, важно е да се истакне, мажите во текот на истражувањето повеќе им се приближувале и на оние жени во високи потпетици кои седеле.
Резултатите покажаа дека високите потпетици се поврзани со поголем сексапил, целосната физичка привлечност, атрактивноста на градите и убавината.
Се чини дека чевлите можеме да ги избереме во зависност од тоа дали сакаме да ни се приближат или да не остават на мир.