Како заклав милиони и милиони кокошки

Американците јадат 8 милијарди пилиња годишно – по повеќе од едно пиле по човек од целата популација на планетата. За да бидат толку добри во јадење, мораат да бидат уште подобри во производството на пилешко, или со други зборови – во колење кокошки. Со помош на Cracked.com, супервизорот на една огромна живинарска фарма (и кланица) – Сем, ќе ни каже како успева да биде толку ефикасен во убивањето на милиони и милиони птици, секој ден.

MURDERDOME

conveyorbelt

За почеток, животните за кои зборуваме се специјално дизајнирани од научниците, со цел да бидат изедени. „Моите работодавачи поседуваат свои сопствени генетски нишки од кокошки што имаат огромни гради, помалку пердуви и се потполно развиени на возраст од 6 недели. Штом стигнат до таа точка, тим од работници ги зема, ги обесуваат со нозете заклучени во окови, прикачени на транспортен појас, кој ги транспортира живите птици во една мала хала, која овде ја нарекуваме Murderdome („соба за убивање“)“, објаснува Сем.

„Внатрешноста на Murderdome е комплетно прекриена во црно, за да ги смири животните, иако секој би помислил дека го има спротивниот ефект. Неважно, затоа што птиците брзо се потопени во моќен анестетички агенс кој речиси инстантно ги онесвестува, по што на сцена стапуваат механичките пили кои им ги сечат главите. Сé е брзо и чисто, најчесто.“

„Кога припремаме халал пилиња наменети за консумација од Муслимани, не смееме целосно да ја отсечеме главата – туку токму доволно за животното целосно да искрвари. Ова веќе личи на карневал од кошмарите: има тон кокошки на кои главите им висат буквално на конец и крварат во темно-црвени нишки од крв. Глетката е прилично ужасна, но не толку како кога некоја од пилите ќе зезне работа“, раскажува Сем.

„Роботските сечила на Murderdome не се совршени – затоа го имаме „Фаќачот“. Тоа е батката што стои на крајот на линијата со пилешки трупови, со џиновски месарски нож, прекриен со крв од глава до пети, со заштитни очила и маска. Неговата работа е да го доврши она што машината ќе го почне, рачно отсекувајќи ги главите на не-халал кокошките. Да не зборуваме дека исто така ги вади од памет сите нови вработени што ќе налетаат на него на пат кон тоалетот“.

ПАЗАРОТ ЗА ПИЛЕШКИ ПРСТИ/НОЗЕ Е ОГРОМЕН

469230_v1[1]

Во поголемиот дел на американската кланичка историја, нозете од кокошките беа отсекувани и разложени до прости протеини, како кучешка храна. Но, компаниите за производство на кучешка храна веќе не се главните купувачи на кокошкини екстремитети. Некаде во 90-тите, се прочуло дека постои земја што многу, ама многу ужива во пилешки прсти – Кина. Оттогаш, Америка го преплавува кинескиот пазар со огромна количина птичји нозе – истите тие што некогаш биле сметани за ѓубре. Во 2011-тата, САД извезе 370.000 тони пилешки стапала во Кина – што само покажува дека САД ја имаат целосната контрола врз брзото и евтино производство.

БРЗ НАРКОМАН – ДОБАР НАРКОМАН

60f7bb33004989478770c16b44f28ed4283af6f6b588f11d49427c74387d787d-big[1]

„Работењето во живинарска кланица е физички „захтевна“ работа, па затоа, нашиот одлив и проток на вработени е огромен. Постојано имаме очајна потреба од нови работници, до толку што ако можеш да одиш и дишеш, веќе те имаме вработено и имаш убиено барем три кокошки. Како и да е, лошата страна на вработувањето на речиси секој што ќе прифати е тоа што на 100 одлични работници, обично имам барем 10 тешки зависници од дрога“, вели Сем.

Сепак, користењето на дрога не е сериозен прекршок што наложува отпуштање на работници во компанијата, сé додека вработениот добро си ја работи работата. Така, ако работникот дојде издрогиран „како свиња“, но е еден од подобрите сечачи на крилца, Сем ќе му прогледа низ прсти. Тоа е позиција за која обуката на нови вработени е прилично сложена и долга.

Кога ќе се случи некоја таква ситуација, каде станува очигледно дека работникот е издрогиран, обично Сем ги решава проблемите со надредениот со разговор од ваков тип:

Надредениот: Ќе си ги исече ебените прсти ако не го тргнеме подалеку одовде.
Сем: Ама стварно добро му оди.
Надредениот: Не можеме да му дозволиме да остане овде ни минута повеќе.
Сем: Но, ако продолжи вака ќе завршиме порано и после можеме да одиме на пиво. Помисли ли воопшто на пивото?
Надредениот: Во ред, дај му уште еден час.

КЛАНИЦАТА Е ИЗНЕНАДУВАЧКИ ЧИСТА И СТЕРИЛНА ОКОЛИНА (МОРА ДА БИДЕ ТАКВА)

5426369-large[1]Месната индустрија има многу лоша репутација, а луѓето претпоставуваат дека нивното месо барем два пати има паднато на земја пред да стигне до нивните маркети. Вистината е малку поинаква.

„Кокошкината полиција инстантно би не затворила истиот ден, ако само некој од нас ги погледне кокошките накриво. „Кокошкина полиција“ ги викаме инспекторите од Министерството за агрикултура на САД, но секогаш зад нивниот грб, бидејќи ги гледаме секој ден. Да, инспекторите од USDA не доаѓаат еднаш во месецот. Според законот, ниедна кланица не смее да работи ако нема инспектор на лице-место, за да се осигура дека птиците се чисти, доволно за да работат во породилно. Заклучокот е дека сите мои 16 производни ленти би биле исклучени за миг, ако има дури и една капка кондензација на таванот.

Еднаш пресметав дека запирањето на нашите производни ленти би ја чинело компанијата по 48 долари на секоја секунда неработење. Затоа нашиот чистачки тим може да ги изеде „чистачите“ на крими-сцените во филмовите на Тарантино за вечера. Ноќното чистење е особено напорно. Како што замислувате, по 16 часови работа, местото е тотално прекриено со делови од пилиња, но мораме да го исчистиме до последна дамка пред утринската инспекција од USDA, во 5 часот наутро. Тие користат светилка и го проверуваат секое ќоше и секое штрафче на секоја машина во халата. Ако има само мало парче од пилешка кожа, лигава материја или солза, целото место ќе мора да биде одново санитизирано и нема да можеме да продолжиме со производство тој ден.

СЕТО ПИЛЕШКО ШТО ГО КОРИСТАТ РЕСТОРАНИТЕ ЗА БРЗА ХРАНА СЕ ПРОИЗВЕДУВА НА ИСТО МЕСТО

469252_v1[1]„Мојата компанија работи речиси со секој ланец за брза храна што можете да го замислите“, вели Сем. Стартуваат со производство на пилешко за Бургер Кинг, па продолжуваат со производство за Мекдоналдс, на пример. Притоа, кланицата не го праќа месото сурово. Напротив, месото прво се пржи во фабриката, а потоа се пакува во ќеси со името на клиентот и се става во длабоко замрзнување, пред да се испрати до самиот нарачател. Рестораните за брза храна само го подгреваат и подложуваат на втора рунда пржење.

Замрзнувачот, пак, е 15 метри висок и 182 метри долг – бескраен лавиринт со полици и палети со фаст-фуд пилешко што чека да биде испорачано.

ДАЛИ ХОРОР АТМОСФЕРАТА НА ПРОИЗВОДНИОТ ПРОЦЕС СОЗДАВА ОДБИВНОСТ КОН ЈАДЕЊЕ НА МЕСОТО?

EasyOvenFriedChicken[1]„Како да не!“, протестира Сем. „Еднаш работев во одделот за проверка на квалитетот, цели три месеци. Гледаш, секоја компанија со која работиме бара од нас да го тестираме продуктот за боја, температура и вкус. Па така, тие три месеци за ручек постојано имав пилешко во облик на сите можни јадења што ги нудат рестораните за брза храна. Беше извонредно. Тоа е како да му плаќате на Хомер Симпсон со крофни. Од друга страна, јас барем добро знам од каде доаѓа мојата храна“, завршува супервизорот.

 

- Реклама -