Како волонтерите од сите делови на светот ја променија бегалската криза на островот Лезбос?

kako-su-volonteri-iz-svih-krajeva-sveta-promenili-izbegliku-krizu-na-lezbosu-1450617470-crop_desktop

Високо над северниот брег на грчкиот остров Лезбос мала група волонтери ѕирка низ двогледот нишајќи се на брановите во гумените чамци. На нивните јакни пишува „Капка во океанот“, тоа е името на невладина организација создадена од страна на една Фејзбук група во август оваа година. Составена е од волонтери од целиот свет кои сега ги надгледуваат бродовите кои ги превезуваат мигрантите од Турција и им даваат помош кога ќе пристигнат на островот.

Големиот брод на турската крајбрежна стража се приближува до малиот гумен чамец, и го обиколува пред да отплови. Зад него останува прашањето, кој е ефектот од  милијардите евра кои Европската Унија неодамна и`ги даде на Турција да и` помогне да ги затвори своите граници за бегалците.

29A8759100000578-3126042-image-a-13_1434441237417

А малку подалеку, на брегот, Жоакин Аседо се подготвува гледајќи во морето. Овој триесетгодишник е дел од една мала група обучени спасувачи од Барселона кои дојдоа на Лезбос со цел да ги спасуваат бегалците.

Групата Proactive Open Arms ја сочинуваат хероите кои спасиле неброено многу животи на море. Жоакиновата радио станица се огласува. Сконцентриран, ја слуша пораката, а потоа грчот од неговото лице исчезнува.

-Сите на бродот се добро. Моторот работи, времето е добро, не врне. Се` е кул, вели.

Гумениот чамец полека пристига на плажата Скала Сикаминаис, каде што патниците ги пречекува група грчки анархисти извикувајќи “Knosh amadid” (знак за добредојде). На излегување од пловилото патниците, главно Авганистанци ,  добиваат храна,  нова облека и чај во рок од десет минути.  Многу Грци во текот на летото помагаа во озлогласениот парк Педион Ареос во Атина, на местото каде што се собираа бегалците и бездомниците, додека бегалците конечно не се преселени на островите.

294C898200000578-3107225-image-m-58_1433277074554

Овој остров во Егејското море некогаш беше познат како место од каде потекнува Узото како и по поетесата Сафо. Оваа година стана синоним за европската бегалска криза, како прва точка на која стапнуваат на европска почва бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан.

Се проценува дека повеќе од 460 илјади луѓе поминале низ овој остров оваа година.  Сликата на луѓето во скинати елеци за спасување стана синоним за егзодусот и ќе остане врежана во меморијата на жителите на Лезбос, островот на кој пред бегалската криза живееле околу 90 илјади луѓе. Повеќето се потомци на бегалците кои преминале од Турција во Грција двадесетите години од минатиот век.

Денес, хуманитарната помош е далеку поголема од онаа што постоеше на островот во изминативе месеци кога бегалците беа пречекувани од една мала група волонтери добронамерни туристи кои ги транспортираа бегалците до пристаништето Митилени. Оние кои не биле во можност да добијат превоз, биле принудени да пешачат 40 километри низ шумата до пристаништето.  Неколку месеци подоцна, кога кризата конечно го сврте вниманието на целиот свет, на островот има еден куп волонтери ,од мали неформални групи до меѓународните невладини организации од целиот свет.

20151020-rasmussen-greece-lesbos-syrian-refugees-4000

На жителите на островот не им е секогаш лесно да се справат со приливот на нови луѓе. Една вечер во доцните часови, во барот Тсос во Митилена, човекот кој работи таму, ми кажа дека на почетокот целосно бил резервиран кон овие луѓе.

-Во текот на летото, мислев дека го изгубивме градот, дека нема да бидеме во можност да излеземе бидејќи мигрантите беа насекаде. Но, како што гледав како пристигнуваат бродовите, и ги слушав страшните искуства на овие луѓе, почнав да им помагам. Спакував облека, храна и вода и им ги однесов. Моите предци се од Ајвалика во Турција. Приказната за бегалците е вечна – вели тој.

Никој не сака да се повтори 28-ми октомври. Помислата на овој датум предизвикува контроверзни дискусии. Сите на Лезбос го помнат „денот на смртта“ кога страотното невреме не ги спречи криумчарите на луѓе  да испратат стари рибарски бродчиња, на кои имаше повеќе од 200 патници. Бродчињата распарчија на неколку метри од брегот. Петнаесет луѓе, меѓу кои и десет деца, загинаа во помалку од 24 часа.

133647727-6ce25dcd-71d6-4864-a4ad-8968b43e4c1c-thumb-large

Волонтерите, спасителите и новинарите кои се затекнале на островот тој ден сé уште се трауматизирани кога ќе се сетат на обидите да ги оживеат бебињата кои се нашле на бродот и на децата кои умираат на нивните раце.  Мртовечнцата и гробиштата во Митилена беа преплавени.  Се проценува дека 600 луѓе загинаа во Егејското море годинава, а  3625 се удавија во Средоземното море.

Бегалците од Блискиот исток што пристугнуваат на Лезбос, особено Палестинците, обично се изненадени кога ќе видат подадени раце од луѓе кои носат мајци со давидова ѕвезда. Од септември, Израелската невладина организација ИсраАид  испратила свои луѓе на плажата. Разговаравме со болничарот Салил додека тој се одмараше во близина на аеродромот во Митилена.

1439646957-refugees-reach-greek-island-lesbos-but-get-followed-by-frontex_8322244

-Повеќето од нив не ни забележаа дека сме од Израел. Половина од луѓето во нашиот тим се Палестинци, така што им е полесно кога ќе слушнат дека некој зборува арапски. Кога пристигна првиот брод бев преплашен, на него имаше четворица луѓе во бесвесна состојба. Но најужасни се бродовите со деца. Тука сум на оддалеченост на саат време до дома, а ми се чини како да сум во некој друг свет- вели тој.

Односот на новинарите и волонтерите не е секогаш хармоничен. Во почетокот на декември, новинарот (фотографот) на АФП, Арис Месинас, наводно е претепан од една група волонтери додека ги фотографирал бегалците. Вообичаено е волонтерите да ги блокираат објективите на фотографите што често пати предизвикува кавги.

-Доаѓаат тука да помагаат затоа што од нашите фотографии видоа каква е ситуацијата – вели  еден од фотографите.

kako-su-volonteri-iz-svih-krajeva-sveta-promenili-izbegliku-krizu-na-lezbosu-body-image-1450617249

Јорис, доктор од Данска ја набљудува групата волонтерите во моментот на прифаќањето на новодојдените бегалци.

-Не сум од оние типови што сакаат да се гушкаат. Јас сум професионалец и само сакам да си ја работам мојата работа. Тука има многу волонтери, и навистина сум задоволен од тоа, но недостасува подобра координација – вели.

Во кампот Мориа каде што бегалците чекаат да бидат регистрирани пред да продолжат понатаму накај Атина, условите се драстично подобрени. Во почетокот на септември, стотици луѓе лежеа во излитени шатори покрај реката и канализацијата. Денес, местото наликува на некој вид надреален фестивал. Ридовите се преполни со шатори, се слуша Џони Кеш, а аниматорите ги забавуваат децата.

На родителите ова им дава време малку да се одморат, но и да ги потсети дека би требало да си играат со своите деца.

Нурулах, бегалец од Авганистан, се сеќава на напорното патување од Авганистан, преку планините, избегнувањето на трговците со луѓе и киднаперите, како и на војниците со пушки на границата со Иран.

kako-su-volonteri-iz-svih-krajeva-sveta-promenili-izbegliku-krizu-na-lezbosu-body-image-1450617321

Најсреќен беше делот кога пристигнавме тука. Девојки ни даваа вода, еден британски новинар ни рече: „Добредојдовте во Грција“ а УНХЦР не превезе со автобус-вели тој.

Некои од овие луѓе успеваат со смеењето да ги отстранат трауматските искуства што ги преживеале по пат.  На другата страна на логорот, една група протерани новинари од Ирак се сместија околу жицата што го обиколува центарот за регистрација. Арал Каки , продуцент на Скај Њуз на арапски и неговата сопруга Шевин морале да го напуштат Ирак поради смртни закани до семејството.

Таа беше сириски бегалец во Ирак. Се запознавме таму и сега сме и двајцата бегалци. Ова ни е како меден месец, вели Каки.

 

-Нашиот меден месец е потрага по слободата. Кога бевме на „бродот на смртта“, мислев дека за пет минути ќе завршиме во водата. Само ја прегрнав сопругата, таа плачеше, бевме исплашени. Тогаш и реков:  „Затвори ги очите, замисли дека танцуваме“, вели.

-Тешко е да се поверува дека ова навистина се случува. Кога му зборувам на семејството и на пријателите што правам, звучи како  некоја измислена приказна.

syrian-mother-tries

 

Вајс

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

- Реклама -