Како вискито го спаси Хемфри Богарт од труење со вода

Во ’50-тите години на минатиот век, Холивуд немаше пракса да снима филмови на далечни локации. Сепак, режисерот Џон Хјустон реши да го снима својот независен „Африканска кралица“ на егзотични локации во Уганда и Конго.

Со Кетрин Хепберн и Хемфри Богарт во главните улоги, на Хјустон не му беше претерано тешко да направи филмски класик кој и денес се смета за еден од најдобрите на тоа време. Настрана филмот, темата ни е нешто друго – интересните детали околу снимањето што Кетрин Хепберн ги откри 36 години подоцна (филмот е од 1951 година), во својата книга „Снимањето на Африканската кралица… или како речиси се мрднав од умот“.

Филмот е романтична комедија која говори за периодот на Првата светска војна. Снимањето се одвивало во африканската дивина, а траело седум недели. Џон Хјустон не ни претпоставувал на какви сé проблеми ќе наиде; отровните змии, алигаторите, милионите комарци и нечистата вода се само дел.

Во Уганда немало проблеми, но ситуацијата се влошила кога стигнале во Конго. Анџела Ален – која работела како помошничка на снимателот, раскажува како после секое снимање трчале до своите шатори за да избегаат од комарците, а штом наутро ќе се разбуделе, првото нешто што го правеле било да ги превртат чизмите, за од нив да ги истурат гасениците и другите одвратни гости на кои никој не би сакал да нагази.

Капењето, миењето и перењето со црвена каллива вода било секојдневие. Но и таа за пиење не била многу подобра. Токму контаминираната вода им создала најмногу проблеми, особено кога целата филмска екипа добила труење. Сите, освен Хемфри Богарт и режисерот. Додека другите оделе со кофи на снимање бидејќи повраќале практично на секоја пауза, Богарт и Хјустон поминале дури и без пролив. Зошто? Како? Затоа што цело време локале виски. Не само кога им се локало виски, туку и кога биле жедни. Водата тотално ја игнорирале.

Погодете кој од двајцава имал пролив.

„Сé што конзумирав (изразот на Хемфри е „ставив во себе“) беше печен грав, конзервиран аспарагус и шкотско виски. Секогаш кога мене или Хјустон ќе не каснеше комарец, комарецот паѓаше мртов“ – раскажа актерската легенда.

И покрај проблемите – од една, и безбројните литри испиено виски – од друга страна, филмот се покажа како инстантен успех. Кетрин Хепберн го освои својот 5-ти Оскар, а на Богарт тоа му беше единствена номинација за златната статуетка.

Башка што ете, можен е живот без вода.

https://youtu.be/IWFCRXbpFgs

- Реклама -