Венерината муволовка (Dionaea muscipula) е најпознатиот вид месојадно растение и како што можете да видите од ова видео – најголемиот кошмар на мувите.
Венерината муволовка (Dionaea muscipula) е најпознатиот вид месојадно растение и како што можете да видите од ова видео – најголемиот кошмар на мувите.
Природната околина на муволовките е мочурливото земјиште кое се протега во радиус од 160 километри во областа Вилмингтон, Северна Каролина. Овие растенија месојадци (односно инсектојади) не се хранат само со муви. Лисјата што изгледаат како вилици ќе го приклештат секој инсект и пајак кој ќе наиде се додека пленот е со вистинската големина и ги допре двете влакненца, а не успее да побегне во рок од дваесет секунди. Доколку оброкот е многу мал и успее да избега, тогаш лисјата се отвораат повторно во следните неколку часа. Но доколку пленот продолжи да се бори, лисјата уште повеќе го вклештуваат, а ензимите што ќе се излачат го претвораат пленот во течност која потоа растението може да ја свари.
Десет дена откако пленот се фатил во замката, лисјата се отвораат, а во нив може да се види само исушениот труп на инсектот. И покрај нехранливата почва, ова растение така успева да ги добие сите хранливи материи што му се потребни. Погледнете го ова одлично видео кој го направи камерманот Тим Шепард за BBC. За да се сними вакво нешто потребни се најмалку две до три недели додека новиот лист да се развие во целосно формирана замка.