Како тоа го прават корејските компании за селење (видео)

Колку пати во животот сте виделе комшии што се селат или доселуваат да симнуваат или качуваат каучи од/до 5-ти спрат со јажиња, преку прозор?

Како некој што живее во зграда без лифт, а со тесни скали, јас најмалку пет-шест пати. Фала богу, освен еден скршен прозор, се нема случено ништо посериозно. Ама речиси секој пат влакно фалеше да се случи.

Во Јужна Кореја немаат такви проблеми. Тамошните компании за селење имаат специјални камиони со лифт. Фрчат софи, плакари и кревети без проблем. Дали е петти или петнаесетти спрат, не менува скоро ништо. Според сведоштва по интернет, камиониве можат да достигнат до 20-ти спрат.

 

- Реклама -