Откако знам за себе, уште од бивша Југославија, па сè до денешна ни суверена независна Македонија, Нова година е денот Д кога се во прашање најдобрите проводи и веселења, слава над славите, појака од било кој верски празник.
Нова година, како југословенски празник беше битен елемент на колективниот наднационален идентитет во процесот на креирањето на новиот човек на социјализмот и во создавањето на чувството на припадност на една заедница на сите жители на Југославија, без разлика на нивната верска и национална припадност.
Нејзиното прославување играло голема улога во потиснувањето на славењето Божиќ, па со тек на време станува прв народен празник.
Тито многу полагал на прославувањето на Нова година, често организирал свечени прослави во потесниот круг, семејството, најблиските соработници, пријателите, но не ги промашувал ни масовните јавни славја.
Да видиме како тоа изгледало…