Како стереотипите нé еб*т во здрав мозок

brain

Сакаме да мислиме дека кога имаме повеќе информации, извлекуваме подобри предвидувања и заклучоци. Сепак, има моменти кога одредени подробни информации се покажуваат како пречка на рационалната проценка. Таквите моменти не се толку ретки, а сé што ни треба за такво нешто е добар стереотип.

Даниел Канеман и Ејмос Тверски – нобелови лауреати по економија, се првите што го демонстрираа таквиот феномен, и тоа во студија во која разгледуваат како стереотипите влијаат врз проценката „во услови на неизвесност“.

Авторите спроведоа експеримент во кој учесниците требаше да ја погодат професијата на даден човек според даден краток опис на неговиот карактер. На пример, опишан е човек кој е уреден, вреден, добродушен, но не многу дружељубив, а потоа од испитаниците е побарано да проценат дали е поверојатно тој да е земјоделец, или библиотекар. Испитаниците покажале масовна тенденција да мислат дека е библиотекар, бидејќи опишаните карактеристики навидум (!) повеќе одговараат на таквата професија. Всушност, човекот бил земјоделец, а тука е и фактот што во САД, на секои 20 земјоделци постои само 1 библиотекар. Тоа значи дека стереотипот за недружељубивите библиотекари мора да е точен без исклучок (а не е) т.е. сé друго што би придонело во тестот да биде избрана професијата библиотекар се коси со рационалното и е плод единствено на поматен разум, во случајов последица на стереотип.

Слична заблуда е евидентна и во друг експеримент. На учесниците им се дадени одредени информации за карактерот на човекот плус дополнителни тврдења, кои испитаниците треба да ги степенуваат по веројатност.

Мошне прочуен е примерот „Линда“. Линда е отворена, паметна, немажена и како студентка била политички активна во однос на проблемите со дискриминацијата, социјалната правда и нуклеарното оружје. Тврдењата за неа вклучуваат и „Линда е учителка во основно училиште“ и „Линда работи во книжарница и се занимава со јога“. Сепак, тврдењата од клучен интерес за научниците биле „Линда е банкарски благајник“ и „Линда е банкарски благајник и е активна во феминистичко движење“. Банкарскиот благајник со феминистичка дефиниција речиси секогаш е оценет како поверојатен од „обичниот банкарски благајник“.

И покрај тоа што:

1. речиси секој што студирал на универзитет е политички активен во еден одреден момент (ова во нормалниот свет, не кај нас)
2. има многу помалку жени кои работат како благајнички во банка од членови на феминистички здруженија кои работат како банкарски благајнички
3. едноставното тврдење „Линда е банкарски благајник“ логички не ја исклучува можноста таа да е истовремено и феминистка…

…испитаниците сепак го одбираат комбинираното (Линда е банкарски благајник и е активна во феминистичко движење) тврдење како поверојатно.

Не само тоа, но процентот на луѓето што го класифицираат феминистичкото тврдење како поверојатно од обичното „Линда е банкарски благајник (независно од тоа дали е ангажирана во феминистичкото движење или не)“ е дури 57%. Дури и кога е јасно посочено дека статистички и логички, „феминистичката“ варијанта е само подкатегорија од општото „банкарска благајничка“, луѓето повторно веруваат дека „феминистичката“ подкатегорија е поверојатна; што е сé само не разумно. Таквата логичка грешка што настанува кога се претпоставува дека специфичните тврдења се поверојатни од едно поопшто тврдење, е наречeна conjunction fallacy.

А зошто Линда треба да се феминистка? Зашто е паметна, отворена и немажена, а тоа навидум (!) звучи како феминистка повеќе од сé друго, дури и да е логички многу поверојатно или невозможно. Квалификациите секогаш стеснуваат една од категориите и ја намалуваат веројатноста да се однесува на дадената индивидуа, но кога сликата во умот ни е премачкана со „би требало“, вистинската веројатност губи секакво значење.

- Реклама -