Имаме талент, за се’ да создаваме претпоставки. Проблемот во создавањето на претпоставки е тој, што веруваме дека тие се вистинити. Ние создаваме претпоставки за она што другите работат и мислат и ние ги сфаќаме лично – а потоа ги обвинуваме нив и реагираме така, што испраќаме емоционален отров преку своите зборови.
Создаваме претпоставки, погрешно создавајќи ги работите, сфаќајќи ги лично и завршуваме така што од ништо правиме голема драма. Секогаш е подобро да се постави прашање, отколку да се создаде претпоставка, затоа што претпоставките се предуслов на страдање..
Често претпоставуваме дека нашите партнери знаат што ние мислиме и дека не мораме да им кажеме што сакаме. Претпоставуваме дека тие ќе направат тоа што ние сакаме, бидејќи така добро не’ познаваат. Ако не направат, се чувствуваме понижено. Драмата почнува кога на таа претпоставка создаваме други претпоставки. Мислиме дека сите животот го гледаат онака, како ние што го гледаме, како што ние се чувствуваме.
За љубов не се потребни причини; тие постојат или не постојат. Вистинската љубов значи прифаќање на другите луѓе такви какви што се, без настојување да ги промениме. Ако се обидеме да ги промениме, тоа значи дека тие всушност нас не ни се допаѓаат. Секако, ако одлучите да живеете со некој, ако ја составите таа спогодба, секогаш е подобро да бидете со некој кој е онаков каков што посакувате.
Пронајдете некој кого воопшто не мора да го менувате. Исто така таа личност мора да ве сака онакви какви што сте, така да ни тој ќе нема потреба да ве менува. Најдобриот начин да престанеме да создаваме претпоставки е да поставуваме прашања.
Осигурајте за себе, јасна комуникација. Ако нешто не разбирате, прашајте. Најдете во себе доволно храброст да поставувате прашања, се додека не се осигурате дека ви е јасно. Кога еднаш ќе ги слушнете одговорите, нема да морате да создавате претпоставки бидејќи ќе ја знаете вистината.
Исто така, пронајдете во себе доволно храброст да барате она што сакате. Секој има право да ви одговори да или не, но секогаш ќе имате право да прашате. На ист начин, секој има право да праша за вас и вие имате право да кажете да или не. Ако нешто не разбирате, подобро е да прашате и да разјасните, наместо да претпоставите.
Don Miguel Ruiz