Убавата русокоса, Рита Ора, доби улога во филмот „50 нијанси на сиво“.
Пред само неколку дена во јавноста протекоа првите фотографии од снимањето на филмот „50 нијанси на сиво“.
Книгите ги заведе жените и мажите ширум светот. Изобилува со еротика, а каков ќе биде филмот останува да видиме. Судејќи според филмската екипа, Џејми Дорнан како Кристијан Греј и Дакота Џонсон во улогата на Анастасија Стил, страста нема да недостига.
Вчера и официјално е потврдено дека и Рита Ора ќе се придружи нктерската екипа на филмот „50 нијанси на сиво“. Рита ќе ја видиме во улогата на сестрата на заводливиот Кристијан Греј. Пејачката, која има 21 година сигурно ќе се снајде добро во својата улога на Миа, многу друштвената сестра на милионерот Кристијан. Официјалната објава Рита ја сподели на својот Твитер профил.