Само една чаша сок од портокал е доволна за да го поттикне здравиот изглед на вашата кожа. Освен тоа, портокалот штити од настинка, а витаминот Ц ќе го подобри и вашиот имунолошки систем.
Конзумирањето на само една чаша од портокал значително може да ги намали шансите за развој на настинка или грип, а медицинските истражувања покажуваат дека влијае и врз намалувањето на холестеролот и крвниот притисок.
Сепак, важно е да знаете дека не смеете да мешате шеќер во сокот од портокал, како и дека не морате да испиете литри сок за да би имале корист од тоа. Сокот има многу калории, па не се препорачува во големи количини.
Лицата кои имаат стомачни проблеми би требало да знаат дека сепак станува збор за кисел сок кој може да допринесе до иритација на желудникот.
Сокот од портокал се препорачува и на пушачите со оглед на тоа што е познато дека витаминот Ц го уништува никотинот.