Монтиел го погоди решавачкиот пенал и речиси цел свет, почнувајќи од Аргентина, начисто побудале од радост. Само еден Аргентинец стоеше неподвижен како камен во сета таа ерупција на Лусаил. Некои ќе речат дека Скалони беше максимално шокиран и во тотално неверување за она што се случи. Други ќе проценат дека Скалони, всушност, најмногу беше свесен за вистинскиот размер на тоа што трофејот ќе значи за Меси, за Аргентинците (минати, сегашни и идни), за него лично и за неговото семејство, но и за фудбалот, за спортот воопшто. Вака или онака, фактот што ја донесе Аргентина до светскиот трофеј (по речиси 40 години пауза), очигледно бараше премногу емоција за Скалони да го голтне одеднаш, па аргентинскиот тренер мораше да го процесира на рати. Повеќе од минута траеше тој прекрасен процес, а за среќа, една од камерите игнорираше сѐ друго и го следеше токму него. Погледнете го тоа суперемотивно патување:
Some events in life defy expressed emotions.
Scaloni had one of those ‘I don’t know how to feel’ moments last night.Credit to FIFA/TyCSports for the Video.
Peter Drury for the Voicing. pic.twitter.com/JCvAoYzRV7— Archie (@archiecomicz) December 19, 2022