Познат факт кај жените е дека шопингoт е најдобрата терапија, кога имаме проблеми. Купување на различни нешта сигурно може да го подобри нашето расположение, а еве и неколку совети како да се чувствуваме уште посреќни.
Шопингот нè тера да ја вратиме контролата врз својот живот
Според едно истражување пазараувањето нè тера да ја воспоставиме контролата која што сме ја изгубиле во друг аспект од животот. Дури при купувањето на не толку убава и квалитетна стока повторно се чувствуваме посреќни од порано.
Среќни сме само кога купуваме работи кои не нè потсетуваат на она што не ранило. Ако излезете да купувате, тогаш бидете сигурни дека производот нема ништо заедничко со минатите настани. Овие купувања би направиле да се чувствуваме непријатно и несреќно.
Кога купуваме сме најкреативни
Кога купуваме за некој друг и додека добиваме подароци ние се чувствуваме посреќни отколку што можеме да претпоставиме. Нашата креативност може да ги израдува најблиските.
Како и сè друго во животот и шопингот треба да биде во умерени количини
„Шопинг терапијата“ може да биде многу успешна, додека по неа не останеме без пари. Треба да уживаме во шопингот, но и да не заборавиме дека по него животот продолжува.
Автор: МаЈа