Веќе неколку години велосипедот започна интензивно да станува дел од секојдневниот живот на повеќе луѓе во светот и главен начин за придвижување низ градот, што е одличен знак дека има подигнување на идејата за здрав начин на живот и еколошката свест.
Веќе никој не смета дека треба да е облечен во спортска облека, за да биде на својот велосипед. На улиците во сите поголеми и помали градови во Европа може да се видат девојки кои елегантно ги надминуваат растојанијата и предизвикуваат илјадници насмевки кај луѓето кои ги забележуваат.
Велосипедите ги освоија срцата на девојчињата од секоја возраст и станаа извор на инспирација за оние од нив кои ја сакаат модата. Денес велосипедот не е само средство за движење, туку и совршен додаток кој може да ви помогне да се истакнете меѓу останатите. Сосема доволно е да бесне фантазијата за да го постигнете посакуваниот ефект. Додадете дополнителни плетени прегради, цвеќиња, гајба или кожена торба за велосипед, и сигурно ќе го преобразите своето еко возило.
Ви препорачуваме да ги разгледате сликите кои ги одбравме за вас. Веруваме ќе се уверите дека не е проблем да возите велосипед секогаш кога ќе можете, без разлика дали одите на работа или во паркот, дали сте поткачени на високи потпетици или на рамни чевли.