Како се урива власт?

Во Балканот прогресивните и проевропски политички субјекти тешко доаѓаат на власт.

Уште потешко успеваат власта да ја задржат. Тоа е така бидејќи во Балканот многу полесно е да надвладеат националистичките и десничарски реторики на поделби кои беспрекорно успеваат да добиваат поддршка во изборните циклуси после што немилосрдно ја воспоставуваат својата административна машинерија која државата ја претвара во нелиберална демократија и во вициозен круг на феудално-кметовски врски помеѓу владетелите и владеаните. Во таква реалност работите тешко се движат напред, големите проблеми тешко се решаваат и уште потешко се излегува од се поголемата изолација на земјата. Видовме што ни се случи за целото тоа единасетгодишно владеење на десничарската ВМРО-ДПМНЕ со која завршивме во заробена држава, без никаква надеж на решавање на политичките спорови, ниту пак со било каква можност за напредок во ЕУ и НАТО интеграциите. Да ве потсетам со каков голем потфат успеавме да се спасиме од таа ситуација.

Целиот тој потфат ќе го сублимирам на три основни точки: 1)Објавувањето на нелегално прислушуваните разговори кои обелоденија дека власта со години нелегално прислушувала повеќе од 20.000 граѓани додека пак властодршците биле инволвирани во тешки корупциски скандали;

2)Основањето на СЈО како општо барање за правда и за воспоставување на кривична одговорност за злоделата и

3)Обезбедувањето на меѓународна поддршка и соработка за процесот на демократизирање на земјата како и за решавањето на децениските спорови со соседските држави.

Повеќе на НоВА тв

- Реклама -