Како се прославува Новата година во светот

Нова годинаНова година се слави во сите краеви на светот речиси 4000 години. Научниците сметаат дека древните Вавилонци во областа на некогашна Месопотамија, први почнале да ја одбележуваат Новата година. Таа се славела како повторно раѓање на сè во природата и било логично тоа да е на почетокот на пролетта кога сè оживува.

Се смета дека Вавилонците го славеле доаѓањето на Новата година дури 11 дена. И старите Египќаните исто така го прославувале доаѓањето на Новата година. Во почетокот тоа било кон крајот на септември, во време кога Нил го поплавувал својот брег. Тоа било за Египќаните најважен ден во годината и означувал расцветување на растителниот свет, а со самото тоа и повеќе храна.

Во стариот Рим Новата година со векови се славела на почетокот на пролетта. Веселбите и гозбите траеле и до пет дена. Иако римскиот Сенат одредил прославата на Нова година да биде на 1. Јануари, овој ден за почеток на Нова година почнал да се слави многу подоцна, и тоа кога Јулиј Цезар прогласил 1. Јануари да се слави како календарски почеток на Новата година. Инаку првиот месец јануари го добил името по римскиот бог Јанус, кој има две глави – со една гледа наназад во годината што си оди, а со другата напред кон годината што доаѓа.

Во вековите кои следеле луѓето продолжиле да го слават доаѓањето на Новата година. Иако денес 1. јануари е прифатен за почеток на Новата година, многу народи низ светот задржале традиционално да го прославуваат овој празник во различни времиња, па така Кина, држава со најголем број на жители почетокот на годината го прославува во време на младата Месечина. Според движењето на Месечината почетокот на годината го сметаат покрај Кинезите и Јапонците, Индијците, Виетнамците и уште некои други народи, а останатите го сметаат според Грегоријанскиот календар меѓу 31. декември  и 1. јануари.

Како и да е најлудата и највеселата ноќ кога си оди старата, а доаѓа Новата, се слави на сите континенти, во сите земји, но се разбира на различни начини. Сепак заедничка карактеристика е радост и надеж дека наредната ќе биде подобра и поуспешна.

Нова година
Па, да видиме како ја слават некои земји и народи:

  • Во Јапонија овој празник се слави со свечена трпеза, а куќите се украсуваат со борови и бамбусови гранчиња. На полноќ доаѓањето на Новата година се огласува со 108 удари на звона од будистичките храмови, кои ги симболизираат 108-те можни гревови на човекот.
  • За Кинезите Нова година е празник кој вообичаено е меѓу 20 јануари и 19 февруари и трае цел еден месец. Тоа е најголем народен празник во очи на кој се чистат становите и куќите како симболика да се исчисти од домовите сè што е старо, а на улиците се организираат прослави со огромни, најчесто црвени змејови од хартија како симболи на успех и моќ. Во Кина за Нова година се јадат мекици во вид на грутка што симболизира грутка злато и богатство.
  • Во Колумбија во секое семејство се шие специјална кукла која ја претставува старата година. Куклата се полни со парчиња од стара облека од сите членови на семејството и писменца на кои секој си пишува што сака да му се оствари во новата година. Куклата се изнесува пред врата и се пали на полноќ да изгори.
  • Во Шпанија секое место си има своја прослава, а најглавна е прославата во Мадрид со голем огномет на полноќ. Во Шпанија Новата година се дочекува со јадење на зрна грозје за секое утчукување на часовникот (вкупно 12). 
  • Жителите на Данска Новата година ја прославуваат со кршење на чинии и други садови кои ги собираат цела година за таа намена.  Во новогодишната ноќ одат по куќите на своите пријатели и оставаат од скршените садови. Оној кој има најголем крш пред врата има и највеќе пријатели.
  • Темпераментните Јужноамериканци Анјо вијехо (старата година) ја испраќаат со огин. Во Јужна Америка пред куќата обесуваат страшило облечено во стари алишта наполнето со стари весници и петарди и го палат. Горејќи го страшилото го горат сето она што било лошо во претходната година.
  • Веднаш после полноќ во Шкотска се посетуваат соседите и се разменуваат честитки. Како знак на пријателство се носи парче леб или парче јаглен. Се верува дека годината ќе биде особено среќна и убава ако во куќата прво ќе влезе згоден и црнокос убав маж. Особено ако во куќата има моми за мажење.  
  • Холанѓаните на улица палат огин во кој ги горат елките и прават огномет, бидејќи сметаат дека огинот носи радост и среќа. Холанѓаните ја дочекуваат Новата година пржејќи и јадејќи крофни и веруваат дека тие носат среќа.
  • Во Португалија во новогодишната ноќ децата одат по куќи, пеат убави стари песни познати под името Женеиро (Јануари), а за тоа добиваат подароци и пари.
  • Италијаните имаат необична новогодишна традиција. Кога се простуваат со старата година ги фрлаат низ прозорците и сите стари предмети кои им се непотребни. За да не биде повреден некој минувач во последно време се фрлаат ситни работи , како симболика на обичајот. Старите Римјани за Нова година си подарувале ореви, урми, смокви  и тркалезни колачиња. Италијаните за Нова година јадат и леќа или грашок чии зрнца симболизираат пари. Некои јадат колач во вид на змија: како што ја остава змијата кожата, така да се остави старата година.
  • Во Виетнам Новата година се дочекува нешто подоцна во јануари. Тогаш се јаде еден вид крап за кој се смета дека на својот грб носи богатство и среќа.
  • Во Америка се дочекува Новата година со огномет и се јаде ориз со црн грав и свинско месо. Во тоа се става паричка и кој ќе ја пронајде цела година ќе биде среќен… Се смета дека овој обичај го донеле робовите од Африка.  
  • Во Грција Нова година се дочекува со „Василопита“ во која се става златна паричка, а детските чизми се полнат со подароци.
  • Австријците Нова година ја дочекуваат со сладолед со нане во вид на четворолистна детелина
  • Норвежаните за новогодишната ноќ готват ориз во кој ставаат еден бадем. Оној што ќе го пронајде бадемот ќе биде многу среќен во Новата година.
  • Кубанска традиција е да се дочека Новата година со јадење на 12 грејпфрути, за секој месец по еден.
  • Во Бразил во новогодишната ноќ сите се облекуваат во бело, за среќа, мир и благосостојба.
  • Цела Латинска Америка во очи на Новата година бара гаќи во разни бои во зависност од земјата: црвени, розови или жолти. Во некои земји Новата година се дочекува со долни алишта облечени наопаку, за среќа.
  • Австралија и нејзиниот главен град Сиднеј ја дочекуваат Новата година на сонце и без снег. Повеќе од милион луѓе туристи од целиот свет и околу 300.000 жители на Сиднеј уживаат во топлата новогодишна ноќ гледајќи го онометот, кој велат може да се види на оддалеченост од 16 км.
  • Во Германија постои обичај растопено олово да се фрла во ладна вода. Според обликот на создадените фигури се гледа каква ќе биде Новата година. Така на пример прстен значи брак, брод патување итн.
  • И во Франција се готви зрнеста храна за да има многу пари во Новата година. Типичен француски новогодишен подарок е тегличка со зашеќерени костени во шербет. Франција е првата земја во Европа која почнала да го прославува пречекот на Новата година во 1563 година.
  • Во Индија дочекот на Новата година се вика Diwali – фестивал на светлината. Се слави три дена кон крајот на октомври или почетокот на ноември и секој град и село се украсени со сјајни светликави украси. Сè сјае и светка, а се украсуваат дури и животните. На новогодишното утро децата ги држат очите затворени и ги чекаат подароците. Diwali е и религиозен хинду празник, па затоа се носи цвеќе и овошје во храмовите.
  • Египќаните Нова година ја слават како национален празник. Иако се анае кога почнува Новата година, сепак се чека да излезе младата месечина пред официјално да се објави нејзиното доаѓање. Набљудувањето на месечината се врши во Мухамед Али џамијата која се наоѓа на врв на ридот над Каиро. Пораката се проследува до големиот муфтија и тој го прогласува доаѓањето на Новата година. Насобраните луѓе потоа одат дома да им ја пренесат веста на домашните. Сите се свечено облечени, на децата им се делат колачиња завиткани во шарена плисирана хартија.
  • Како се слави во Ирак? Се слави на 21 март. Неколку дена пред Нова година Ирачаните ставаат зрна од пченица или јачмен да про’ртат. Никулците се симбол на нов живот. Се месат лепчиња за подарување, а по улиците се слуша дајре, труба и тапани.
  • Иранците ја слават Новата година на првиот ден од пролетта со про’ртен јачмен и пченица, а на трпезата има ситни парички, вапцани јајца и Куран во убав аранжман. Се прават 7 јадења што почнуваат на буквата „С“. Постарите на помладите им даваат пари (некогаш тоа биле златници) и се прескокнува огинот бидејќи се верува дека тоа носи среќа.

 Од целиов текст се гледа дека секаде Новата година се дочекува празнично, весело и со обичаи, а сè со цел таа да биде подобра од претходната. 

Како се прославува Новата година во светот

Нова година се слави во сите краеви на светот речиси 4000 години. Научниците сметаат дека древните Вавилонци во областа на некогашна Месопотамија, први почнале да ја одбележуваат Новата година. Таа се славела како повторно раѓање на сè во природата и било логично тоа да е почетокот на пролетта кога сè оживува.

Се смета дека Вавилонците го славеле доаѓањето на Новата година дури 11 дена. И старите Египќаните исто така го прославувале доаѓањето на Новата година. Во почетокот тоа било кон крајот на септември, во време кога Нил го поплавувал својот брег. Тоа било за Египќаните најважен ден во годината и означувал расцветување на растителниот свет, а со самото тоа и повеќе храна.

Во стариот Рим Новата година со векови се славела на почетокот на пролетта. Веселбите и гозбите траеле и до пет дена. Иако римскиот Сенат одредил прославата на Нова година да биде на 1. Јануари, овој ден за почеток на Нова година почнал да се слави многу подоцна, и тоа кога Јулиј Цезар прогласил 1. Јануари да се слави како календарски почеток на Новата година. Инаку првиот месец јануари го добил името по римскиот бог Јанус, кој има две глави – со една гледа наназад во годината што си оди, а со другата напред кон годината што доаѓа.

Во вековите кои следеле луѓето продолжиле да го слават доаѓањето на Новата година. Иако денес 1. јануари е прифатен за почеток на Новата година, многу народи низ светот задржале традиционално да го прославуваат овој празник во различни времиња, па така Кина, држава со најголем број на жители почетокот на годината го прославува во време на младата Месечина. Според движењето на Месечината почетокот на годината го сметаат покрај Кинезите и Јапонците, Индијците, Виетнамците и уште некои други народи, а останатите го сметаат според Грегоријанскиот календар меѓу 31. декември и 1. јануари.

Како и да е најлудата и највеселата ноќ кога си оди старата, а доаѓа Новата, се слави на сите континенти, во сите земји, но се разбира на различни начини. Сепак заедничка карактеристика е радост и надеж дека наредната ќе биде подобра и поуспешна.

Па, да видиме како ја слават некои земји и народи:

  • Во Јапонија овој празник се слави со свечена трпеза, а куќите се украсуваат со борови и бамбусови гранчиња. На полноќ доаѓањето на Новата година се огласува со 108 удари на звона од будистичките храмови, кои ги симболизираат 108-те можни гревови на човекот.

  • За Кинезите Нова година е празник кој вообичаено е меѓу 20 јануари и 19 февруари и трае цел еден месец. Тоа е најголем народен празник во очи на кој се чистат становите и куќите како симболика да се исчисти од домовите сè што е старо, а на улиците се организираат прослави со огромни, најчесто црвени змејови од хартија како симболи на успех и моќ. Во Кина за Нова година се јадат мекици во вид на грутка што симболизира грутка злато и богатство.

  • Во Колумбија во секое семејство се шие специјална кукла која ја претставува старата година. Куклата се полни со парчиња од стара облека од сите членови на семејството и писменца на кои секој си пишува што сака да му се оствари во новата година. Куклата се изнесува пред врата и се пали на полноќ да изгори.

  • Во Шпанија секое место си има своја прослава, а најглавна е прославата во Мадрид со голем огномет на полноќ. Во Шпанија Новата година се дочекува со јадење на зрна грозје за секое утчукување на часовникот (вкупно 12).

  • Жителите на Данска Новата година ја прославуваат со кршење на чинии и други садови кои ги собираат цела година за таа намена. Во новогодишната ноќ одат по куќите на своите пријатели и оставаат од скршените садови. Оној кој има најголем крш пред врата има и највеќе пријатели.

  • Темпераментните Јужноамериканци Анјо вијехо (старата година) ја испраќаат со огин. Пред куќата обесуваат страшило облечено во стари алишта наполнето со стари весници и петарди и го палат. Горејќи го страшилото го горат сето она што било лошо во претходната година.

- Реклама -