Мочи е традиционален јапонски десерт што се прави од посебен вид леплив ориз – мочигоме. Ај што колачот е екстремно чуден и изгледа (и се тегне) како џиновска зелена мастика, туку подразбира многу специфичен метод на изработка – тепање и мешање на тестото со голема брзина, кое трае околу две минути.
Мицуо Накатани е најбрзиот мочи-мајстор во Јапонија. Просек му е три удари во секунда. Тоа значи дека мораш да имаш екстремно многу доверба во типот што удира со чеканот, и да сте екстремно добро координирани. Затоа мочи-мајсторите користат разни извици, кои им помагаат да го запазат точниот тајминг и да не настрадаат нечии раце.
Формална школа за правење мочи не постои. Добар мочи-мајстор се станува само преку млатење на тестото. Многу, многу млатење.