Мазник-предизвик за секоја помлада домаќинка. Има жени кои никогаш во животот не направиле мазник со тегнето тесто, а може да се мајсторки во месење кифли пример. Отсекогаш мајсторијата на месењето сум ја гледала во тоа дали жената знае да направи добар мазник или зелник. И среќна сум да кажам дека полека ги совладувам и двете.
1. Ставете го брашното во сад и додајте сол и вода. Додадете 2 лажици масло. Додадете ја водата полека, не цела одеднаш. На прво, тестото ќе биде лепливо и ќе мислите дека можеби ќе треба да додадете повеќе брашно. Немојте. Продолжете со месење. Ако е уште лепливо по неколку минути, можеби ќе треба да додадете малку брашно. Измесете меко тесто и оставете да се одмори 15 минути.
2.Формирајте 6-8 топчиња од тестото. Направив 8, бидејќи мојата маса не е толку голема, а ќе ви треба простор кога се растега тестото.
3. Направете мали дискови од секоја топка (со дијаметар од 10 см) со притискање на тестото со рацете или со употреба на сукало, а потоа премачкајте го секој диск убаво со масло.
4.Покријте ги дисковите со најлонска фолија за да се избегне сушење. Оставете да се одморат околу 30 минути, и маслото добро да се впие.
5. Префрлете 1 диск на масата прекриена со чаршаф. Јас користам стар чаршав за спиење. Идејата за користење на чаршаф е лесно да се направи тенка кора која нема да се лепи на површината. Прво, земете го дискот и ставете ја тупаницата под средината и истегнете го центарот на дискот. Користејќи ги рацете, се растегнува тестото, потоа ставете го на чаршафот. Потоа постепено почнете да ги повлекувате рабовите додека не добиете тенка кора скоро проѕирна. Отстранете ги рабовите на кората (ќе ги искористите подоцна).
6. Посипете ја кората со масло и нанесете го подготвеното зајре.
7. Завиткајте ја кората во форма на ролна со помош на чаршафот. Не ја фаќајте кората со рацете. Ко ќе ја свиткате, префрлете ја во намастена тава во форма на полжав. Повторете го истото со останатите дискови.
8. Попрскајте малку масло и вода одозгора пред печење. Не заборавајте да вметнете паричка ако ставате.
9. Печете на 200 степени околу 20-25 минути додека мазникот не добие убава златна боја.
10. По печење, покријте го мазникот со влажна кујнска крпа да одмори, а потоа послужете го топол во комбинација со јогурт или кисело млеко.
11. Рабовите од корите може повторно да се употребат. Јас повторно ги замесував, формирав 4 дискови, ги обложив со масло и оставив да се одморат 15 мин. Потоа направив помал мазник со мелено месо за моите деца.