Премиерот Зоран Заев беше гостин во „Жива истина“ на црногорскиот АнтенаМ. Освен политиката, во одредени делови на интервјуто најдовме и прилично фини совети што можете да си ги употребите и во реалниот живот. На пример, околу тоа како да си ги негувате пријателствата и/или другарчињата од маало, ако сте деца.
Во суштина е многу просто – треба да пазите да не употребувате одредени зборови (поврзани со одбраното другарче) во иста реченица со некои други лоши зборови, макар и кога се однесуваат на нешто што се случило многу одамна пред очите на цело маало.
На пример, „бугарски“ во „бугарски фашистички окупатор од Втората светска војна“. Ете, тоа е погрешно. Другарчињата ќе ви се лутат. Може на пример, и правилно е, ако веќе градите пријателство, да речете само „фашистички окупатор“, да биде ете така, поблаго, понеодредено, подружељубиво. Едноставно, да пазите…
А ако некој некогаш случајно ве праша „е кој бил тој фашистички окупатор?“, ќе кажете „не знам, не бев роден“. И така ќе имате многу пријатели.
PS. Се оградуваме од насловот на видеото и преводот, зашто ни мирисаат на пропаганда. Ние не сме со агенда, само си плачеме на судбината. Еве ви го, во тој контекст, и целото интервју: