Како се граделе некои од најпознатите градби во светот

intro.jpg Дали сте знаеле дека Empire State Building е изградена во тркатa за највисока зграда помеѓу Crysler и General Motors? Или дека кога бил одбран дизајнот за Sydney Opera House сеуште не постоела технологија за тој да се реализира?

Дали сте знаеле дека Empire State Building е изградена во тркатa за
највисока зграда помеѓу Crysler и General Motors? Или дека кога бил
одбран дизајнот за Sydney Opera House сеуште не постоела технологија за
тој да се реализира?


Empire State Building

empire-state-building.jpgВо времето на Големата Депресија во САД, никој кој што се занимаавал со големи, скапи и луксузни објекти неможел да се пофали со својата работа. Но, тоа не ги спречило најголемите автомобилски компании да си ги одмерат машки силите и да започнат натпревар за изградба на највисоката зграда во централен Менхетен.
Првата зграда која што никнала на улиците на Менхетен била зградата на Chrysler. Како одговор на тоа John Jakob Raskob, основачот на General Motors, се здружил со сопствениците на DuPoint Chemicals, не само да ја изгради највисоката зграда во светот, туку и таа да биде најбрзо изградената зграда до тогаш. Со помош на 3 000 работници, почнувајќи во 1930 година, за 14 месеци, го изградиле симболот на New York, Empire State Building

The White House

daguerrotype-white-house-john-plumbe.jpgПретседателскиот замок во Washington, D.C. започнал со изградба за време на владеењето на првиот американски претседател George Washington во 1792 година. Како архитект на овој проект се јавува James Hoban, кој што за проектoт добил $500. Но, и покрај сите заложби за да се изгради една огрона претседателска резиденција, Washington, не успеал да се всели во неа. Таа била комплетирана во 1800 година, а прв кој што официјално се вселил во неа бил неговиот наследник, John Adams.
Во тоа време, животот во Белата куќа , па и не бил толку луксузен. Немало базен, куглана и кино. Всушност немало ни вода. Слугите биле принудувани да носат вода од други места. Истото се случувало и со дворот кој бил преполн со ѓубриња и кал. Немало ни осветлување, па Адамсови биле принудени сами да се снаоѓаат со различни свеќи.
Кога на власт дошол Truman, откако неговата када протекла, наредил сериозно реновирање на Белата куќа, а како резултат на тоа Truman и неговото семејство најголемиот дел од својот мандат го поминал живеејќи преку улица.

Sydney Opera House

sydney-opera-house.jpgКога Jorn Utzon победил на изборот за дизајн на нова опера во Sydney, во 1957 година, не постоела градешна технологија која би можела да ја оствари неговата замисла.
Преку 300 проекти биле пријавени на изборот, но владата на New South Wales, сепак, го избрала токму овој проект иако била свесна дека реално не може да се изведе. Таа била толку упорна, иако била свесна дека е невозможно да се изведе, што на архитектот му препорачала сам како знае да се снајде.
Само делот што бил за изнаоѓање решение како да се најде начин за градење на Utzon и неговиот тим му одзел цели 4 години.
На крај, несогласувањата помеѓу владата и Utzon, резултирале со отказ на Utzon и префрлување на проектот на повеќе архитекти.

Eiffel Tower

eiffel-tower-construction.jpgВерувале или не, Ајфеловата кула оригинално требало да биде поставена во Барцелона. Градските власти во Барцелона, го одбиле планот на Gustave Eiffel и го присилиле да си најде друга локација.
За среќа, Eiffel, за дом на своето дело одлучил да биде Париз. Но и таму не наишол на добар прием од жителите. Тие сметале дека кулата едноставно е премногу грда за нивниот град. Откако била изградена била понудена и на продажба, но “се спасила“ само поради тоа што армијата открила дека нејзината висина е совршена за да се искористи за коминикациска кула.
И покрај тоа што кулата на Gustave Eifell била премногу грда за Париз, таа сепак во 2002-та година го пречека нејзиниот 200 милионити посетител.

Taj Mahal

taj-mahal.jpgЛегендата за вели дека кога била завршена изградбата на Taj Mahal во 1648 година, владетелот и нејзиниот нарачател Shah Jahan го ослепел и му ги секол рацете на дизајнерот, за да се осигура дека никогаш повторно нема да изгради нешто толку убаво и совршено. истото го направил и со градежните работници.

- Реклама -