Како се дрогираат птиците?

Веројатно мислевте дека само луѓето се дрогираат, и со право. Но, се чини дека вистината е малку поинаква.

Некои видови птици го прават истото, со тоа што нивната дрога доаѓа во форма на… мравки. Имено, пердувестите летачи обожаваат да се мачкаат со мравки по крилата и да уживаат во ефектот на слаткиот(?) мравјин сок што овие инсекти природно го лачат при самоодбрана.

Праксата се нарекува „мравосување“, термин кој со право можете да го искористите во контекст на тоа колку добро сте си поминале – на пример: „Еј, ама се мравосав вчера!“.

anting2

Стефан Емануел Балтаг, член на романското орнитолошко друштво, објаснува: „Некои птици слетуваат на врвот на мравјалниците и седат мирни додека трпеливо чекаат за мравките да дополат до нивните пердуви“. Ова се нарекува „пасивно мравосување“ (passive anting). Постојат и видови што ги собираат мравките со своите клунови и потоа ги размачкуваат насекаде по своето тело. Ова е познато како „активно мравосување“ (active anting).

Но, зошто го прават ова?
Едно објаснување вели дека птиците тоа го прават најмногу во пролет и лето, што се смета за сезона на митарење. Кога опаѓаат пердувите, птиците ги користат смачканите мравки како оружје против инсектите. Мравките имаат дефанзивни секрети против другите инсекти и фунгите, па птиците ги користат како фунгициди, митициди, инсектициди и воопшто, биоциди, што им овозможува движење низ шумите без ризик од штетници.
Другото објаснување е дека птиците ја користат мравјината формична киселина како стимулант, исто како што луѓето ги користат никотинот или дрогите. Во прилог на ова оди и фактот што кај некои птици, мравосувањето докажано формира зависност. Исто така, оваа пракса е почеста кај попаметните птици, како чавките и гавраните.

Еве како изгледа:

а

- Реклама -