Ако ви е здодеано од производи кои ги гледате низ продавниците и имате мерак за техника, овој производ е создаден за вас.Кано е компјутерски сет дизајниран со цел да им овозможи на луѓето од сите генерации да направат компјутер и да ја научат вештината на програмирање. Овој сет со Raspberry Pi компјутерски модул, опфаќа два прирачници со инструкции , 8 GB SD картица, звучник, приклучок за напојување и HDMI и мини – USB кабли.
За програмската компонента тимот развил Kano OS, во дистрибуција на Debian Linux.
Проектот започнал со едноставна книга инспирирана од Лего коцки и манга цртани филмови.
За името на производот тимот го искористил името на јапонскиот инструктор за џудо Кано Јигора.
Лансиран како проект, требал да собере 100.000 долари, но веќе собрал повеќе од 580.000.
Сетот кој чини 119 долари би требало да се испорача ширум светот до јули 114 година.