Како природно да ги излечите изгорениците од сонцето?

На сите ни се случило барем некогаш да ги занемариме советите како на најдобар начин да ја заштитиме кожата од сонцето и тогаш навечер да почнеме да чувствуваме затегнување и печење на кожата и да изгледаме како свежо зготвен рак.

Во ваквата ситуација најдобрo е да се свртите кон природата и лековитите состојки кои ги има во изобилие околу нас, а добар дел од нив ќе најдете и веднаш во кујната. За почеток, маслиновото масло е секогаш одличен избор, а доколку при рака имате лаванда, тогаш уште подобро.

Високиот процент на незаштитени масти и витаминот А и Е во маслиновото масло ја регенерираат кожата, а маслото од лаванда користете го во основен облик, бидејќи само неколку капки се потребни за да се смири иритацијата.

Endless_Sun_Tanning

Доколку имате лубеница и краставица во фрижидерот, направете сок од истите. Лубеницата е полна со антиоксиданси, бета каротен и витамин Ц и Б6, кои ќе ги ублажат изгорениците, а краставиците можете да ги исечкате на парчиња и да ги ставите на кожата. Витамините А, Б, и Ц од краставицата брзо ќе го ублажат воспалението, а водата која ја содржи во дури 90% од нејзиниот состав ќе ја навлажни сувата кожа.

Изгорениците можете да ги премачкате и со кантарион или гел од алое вера, а мошне се делотворни и облогите од камилица.

- Реклама -