Како прават дрогата во филмовите да изгледа реална

how-do-they-make-drugs-look-real-in-films-prop-master-alcohol-cigarettes-body-image-1462791642[1]

Џони Деп пуши цигара во филтер, со Rayban цвикери со портокалови стакла, и раскажува за колекцијата на стимуланси и спуштачи што ги има во колата. Ал Пачино тоне во кожна фотеља, а пред фацата има брдо кокаин. Натја Брункхорст (во „Christiane F.“ од 1981) се грчи на креветот додека се бори со нејзиното момче за хероин. Секогаш кога сугерира трагична пропаст на ликот или кога е катализатор на некоја подолга шега, дрогата во филмовите (кога тоа добро ќе се одработи), го прави филмот поинтересен, дури и ако лично не сте заинтересирани за дрога.

Нормално, нелегалната дрога не е дозволена за време на снимањето, па работа на реквизитерот е да смисли како тоа ќе го изведе. Притоа, тој се координира со продуцентот, глумците, режисерите итн.

Шон Марион е баш таков реквизитер во Лос Анџелес и има работено на секакви филмови, од оние врвните, па до најбаналните. Најголемиот дел од неговата работа, сепак, се однесува на комедиите во кои главната приказна е за дрогата, како што се Knocked Up, The 40-Year-Old Virgin и Get Him To The Greek. Ако некој знае како да направи лажната дрога да изгледа како да е вистинска, тоа е Марион.

Многу пати, Марион ја купува својата „трева“ која всушност се вика Ecstacy (марка на билни цигари), бидејќи таа е добра замена од многу причини. Сосема е растителна, а за некој неискусен мириса на „трева“, со силен и моќен мирис. Се разбира, ако сте искусен дувач ќе ја откриете разликата. „Продуцентот што работеше со мене влезе и ме праша ‘Што пушат овие?’, а јас му реков ‘Па, тие се актери, сакаат да пушат вистинска трева, така што навистина дуваат’. Тој рече ‘Ме дупиш?’, а јас му одговорив ‘Се разбира дека те дупам, тоа е растително’“. Демек тревата не е.

„Во една прилика кога една многу позната актерка, нема да кажам која, беше во сцена која трае многу долго додека џоинтот оди во круг, ми бараше вистински џоинт. Јас ѝ дадов растителен и по извесно време таа и другите учесници во сцената беа целосно убедени дека се надувани. Беше смешно, има многу сатисфакција во тоа“.

how-do-they-make-drugs-look-real-in-films-prop-master-alcohol-cigarettes-body-image-1462791835-size_1000[1]

Има тука и еден парадокс. Додека филмските студија немаат проблеми да прикажат илегални дроги и нивна употреба на филм, постои голем проблем со актерите што пушат цигари. „Речиси секое студио е анти-тутун и целосно е елиминирана неговата употреба“, објаснува Марион. „Ретко се гледа на филм дека некој пуши цигара. Токму сега снимам сцена во еден бар, која плаче избацувачот да пуши цигара, а во собата сите да пушат цигари, ама не може. А во задната соба, луѓето пушат трева и шмркаат кока“. Ова е дел од јавната кампања за здравје која работи во насока да го спречи гламуризирањето на цигарите и нивната употреба во било кој случај, вели Марион. Дури и ретко има актери што пушат, бидејќи се грижат за своето здравје. Ако пушат цигара во филм, цигарата е хербална.

Некои метод-актери, пак, се отворени кон конзумацијата на алкохол, бидејќи така глумењето изгледа пореално. Шиа Лабеф вели дека кога тој ја играл улогата на шверцер во ерата на прохибицијата во Lawless, бил лут цело време, за да може да се појави на снимање со црвени очи и потечен од алкохол. Бред Пит и Едвард Нортон исто така биле напраени флека кога на снимањето на Fight Club фрлале голф топчиња кон блиската зграда.

Ова се исклучоци. „Никогаш на никого не сум дал да пие, освен неколку чашки“, вели Марион. „Имаше некоку актери кои ме прашаа дали можат да пијат вистински алкохол, но тоа никогаш не сум го одобрил без дозвола на режисерот. Луѓето обично снимаат по 20 или повеќе тејкови, па на долг рок, алкохолот само би ги спречил да работат“. Наместо тоа, актерите пијат или чај или вода обоена со карамела, наместо жесток алкохол. Ако актер пие од кафено пивско шише, тогаш е вода.

„Секогаш има посветени луѓе кои ќе ги забележат пропустите доколку ги има без разлика дали станува збор за алкохол, пушење или тешки дроги. Вашата работа е да го задржите интергритетот и да направите окружувањето да изгледа реално, а вистинското доживување е кога тоа ќе го добиете“, вели Марион.

- Реклама -