Како полесно да заспиете

Сон Ви тежат проблемите? Премногу мисли ви минуваат низ глава? Ужасно многу сакате да зграпчите некој сон, но никако не можете да стигнете до него? Секогаш постои решение! Следете ги овие едноставни совети и за многу брзо време ќе заспиете. Предупредување: Не се обидувајте во канцеларија!!


Ви тежат проблемите? Премногу мисли ви минуваат низ глава? Ужасно многу сакате да зграпчите некој сон, но никако не можете да стигнете до него? Секогаш постои решение! Следете ги овие едноставни совети и за многу брзо време ќе заспиете. Предупредување: Не се обидувајте во канцеларија!!

Сон?Клучот за полесно заспивање ни доаѓа од источната култура. А толку е едноставен што не можете ни да живеете без него! Се работи за дишење.

За да заспиете, треба да почнете да дишете во одреден бавен ритам и да не го менувате. Потоа да земате повеќе и повеќе воздух во белите дробови, до моментот кога ќе минете во доменот на несвесното.

За да имате избалансиран сон, во текот на ноќта треба да дишете наизменично низ обете ноздри. Обично, доколку протокот на воздух низ ноздрите е непречен, спонтано дишете по 2 часа низ левата, па низ десната. Кога дишете низ десната, ја стимулирате левата половина од мозокот (интелектуално, аналитичко, рационално размислување), а кога дишете низ левата, се стимулира десната половина (креативно и емотивно размислување). Но, ако имате проблеми со дишните патишта и доколку некоја од ноздрите нема можност за доволен проток на воздух, тогаш ќе се најдете во ситуација кога ќе спиете неизбалансирано и енергиите нема да ви бидат избалансирани. Откако ќе се разбудите, нема да се чувствувате доволно одморени.

Затоа, ако имате мака да заспиете, излезете надвор на неколку минути. Седнете на стол или потпрете се на оградата од балконот (каде и да ви е удобно) и почнете ја вежбата со свежиот воздух. Затворете ја едната ноздра со прст, вдишете длабоко низ другата. Потоа затворете ја другата ноздра и вдишете низ онаа што била претходно затворена. Во содејство со ладничкиот воздух и смирувачкиот ефект на вежбата, ќе добиете мирни мисли и исчистени дишни патишта. Тогаш е време да се вратите в кревет и да се одморите.

- Реклама -