Kaко почесто да водите љубов со својата жена?

Можеби завидувате на прекрасниот живот на младите мажи кои не се во врска. Знаете како тогаш постоеше можноста (кој колку ја искористил) секоја втора вечер да водите љубов со различна жена, па не чувствувавте потреба од молење. Доколку жалите за лудиот живот не сте во право. Едно истражување покажа дека оженетите мажи во просек имаат повеќе секс, од оние кои се сами.

На оние кои не се во врска, потешко им е да најдат постојан партнер за секс, додека оженетите имаат некои кои постојано е крај нив и ги сака. Но проблемот настанува со годините. Вие и вашата жена имате повеќе обврски, уморни сте, децата имаат свои потреби, па со сето тоа растат и проблемите.  Сепак погледнете пет совети кои можеби ќе ви помогнат да дојдете до повеќе секс со својата сопруга.

n24181

1. Два пати дневно правете вежби за дишење и опуштање

Кога се мажите под стрес им се намалува и нивото на тестостерон и либидото. Вежбите за дишење ќе ви помоднат во тој поглед. Правете две серии дневно- четири вдишувања секој пат. Четири секунди вдишете на нос, држете го воздухот седум секунди и издишете 8 секунди на уста.

2. Одете во кревет во исто време кога легнува и вашата жена

Многу парови легнуваат во различно време. Тоа создава атмосфера на одвоеност и емотивна оддалеченост. Ако легнете во исто време не значи дека секогаш ќе имате секс, но верувајте дека ќе ве зближи. Бидете нежни еден кон друг.

man-woman-bed-facing-636_0

3. Дадете и комплимент и заблагодарувајте и се секој ден

Ништо не ја прави атмосферата потопла од благодарност и комплимент. И жените и мажите сакаат да ги слушаат.

4. Направете посебна вечер

Многу парови сметаат дека не е романтично ако сексот се планира, но кога животот ќе стане хаотичен, во него треба да се внесе план. Испланирајте и уживајте во исчекувањето. Навестете и што ја очекува и поттикнете го нејзиното исчекување.

5. Разговарајте со својата жена и слушајте ја

Можеби сакате секс за да се почувствувате поврзани? Но, жените сакаат да почувствуваат поврзаност за да имаат секс. Тие сакаат да знаам дека се во врска која подрзабира емотивна интимност и почитување.

 

- Реклама -