Применете ги овие неколку совети и уживајте во највкусното печено месо.
Печењето на месеото се чини лесно – ставате парче месо во рерна и го печете, но зошто понекогаш излегува тврдо и суво? Во тој случај овие едноставни совети ќе ви дојдат добро и ќе уживате во посакуваниот вкус.
Месото се состои од паралелни мускулни влакна, како мали парчиња дрво, па ако истото го пресечете преку тие мускули, ќе добиете парче кое е значително помеко поради малиот број на влакна. Многу е важно месото пред сечење да го оставите да отстои. Имено, ако почнете да го сечете веднаш по печењето сите природни сокови ќе излезат, бојата нема да биде усогласена, а месото ќе биде се уште во процес на печење, така што на крајот ќе биде тврдо.
Доколку го оставите да се олади по печењето, ќе разберете дека оваа постапка е клучна за рамномерна распределба на соковите низ целото парче, изедначување на бојата, а на крајот месото станува меко, а со самото тоа и повкусно.
Имено, откако ќе увидите дека е добро испечено, извадете го од рерната и покријте го со хартија за печење и чиста кујнска крпа, а потоа оставете го околу половина час. Погледнете во која насока се протегаат мускулните влакна во месото, а ако не можете веднаш да воочите, малу засечете на работ.
Сечете тенки парчиња за структурата да биде помека. Освен тоа, месото секако сечете го така што вилушката ќе биде поставена пред ножот, а не обратно.