Како и многу други посвоени деца Метју Робертс сакал да открие кои се неговите биолошки родители, со надеж дека тоа ќе му помогне да разбере нешто повеќе за себеси. Но ништо не можело да го подготви за моментот на вистината кога дознал дека неговиот биолошки татко е најозогласениот сериски убиец Чарлс Менсон.

Само после една година од неговото раѓање Менсон и неговото „Семејство“ извршија серија од девет ужасни убиства во кои жртва беше и бремената сопруга на познатиот режисер Роман Полански – актерката Шерон Тејт.
Метју кој сега има 41 година и кој физички многу наликува на својот татко паднал во депресија откако го открил својот идентитет. Оттогаш тој одржува контакт со својот татко преку писма кои ги испраќа во калифорнискиот затвор и на кои Менсон му одговорил, секојпат потпишувајќи се на крајот со свастика. Тој добил и телефонски број на кој може да се чуе со него, но вели дека нема храброст да го направи тоа.
Метју најпрво не сакал да верува во тоа кој му е биолошки татко, бил исплашен и лут. „Тоа е како да откриеш дека си син на Адолф Хитлер. Јас сум мирољубива личност – заробена во лицето на монструм.“
Метју кој работи како диџеј и живее во Лос Анџелес, пред 12 години почнал со истражување на својата семејна историја. Тогаш тој ја пронашол својата мајка која му открила дека татко му е Чарлс Менсон кој ја силувал во 1967. Таа му кажала дека многу личи на него.
„Свесен сум за тоа. Страшно е и вознемирувачко.“, но Метју вели дека неговиот херој е Ганди „Јас сум екстремно ненасилна, мирољубива личност и вегетаријанец. Не убивам ниту бубачка.“ [I traced my dad… and discovered he is Charles Manson]