Како од бајка: Кучиња кои ќе посакате да ги вдомите!

Овие преслатки кучиња изгледаат како да се извадени од некоја бајка. За овој ефект е заслужна 31-годишната Шарлота Бан, која со помош на разни компјутерски програми обичните фотографии на кучињата ги претвора во нереално добри илустрации.

Нејзиниот талент го забележале огромен број на луѓе, по што разни организации за заштита на бездомните животни ја замолиле за соработка. Така, таа досега добила барање од прифатилиштата од повеќе од 50 различни земји ширум светот, за да им помогне при уредувањето на нивните фотографии.

Според нивните коментари, на овој начин се зголемувал интересот на луѓето кои сакале да ги вдомат. Освен тоа, тие кои се одлучувале на ваков потег, како подарок, заедно со кучето, ја добивале и неговата илустрација, уредно урамена, како потсетник на нивното благородно дело, но и одлично уметничко парче.

Освен организациите и разните здруженија за животни, Шарлота досега на социјалните мрежи собрала повеќе од 250.000 следбеници.

481356_profimedia0196181698_ff 481357_profimedia0196181702_ff

481358_profimedia0196181708_ff 481359_profimedia0196181711_f

481360_profimedia0196181713_ff 481361_profimedia0196181716_ff

481362_profimedia0196181723_ff 481363_profimedia0196181726_f

481364_profimedia0196181741_ff 481365_profimedia0196181744_ff

481366_profimedia0196181746_ff

- Реклама -