Навивачите на Штурм приредија неверојана атмосфера пред натпреварот со Матерсбург и му го честитаа 75-иот роденден на нивниот некогашен тренер.
Веќе видно истрошениот, легендарниот Ивица Осим излезе на теренот со помош на неговите пријатели. Еве како му честитаа навивачите…
Ивица Осим го водеше Штурм од Грац цели осум сезони и два пати го освојуваше Австриското првенство, еднаш Купот и два пати Супер купот на Австрија. Благодарение на Осим, Грац два пати имаше свој претставник во Лигата на шампионите.
Во својата кариера ги водеше Партизан и Железничар, а репрезентацијата на Југославија успеа да ја доведе до четврт-финалето на СП 1990 во Италија.