Филмот „Како научив да летам“ ќе биде прикажан вечерва на Beach Film Festival во Охрид на плажата Сараиште до 20.00 часот. Од 21:30 ќе биде прикажана Официјалната селекција на студентски филмови.
На плажата Славија од 20:30 часот посетителите ќе можат да го погледнат филмот „Summer to come“. Од 22:30 часот музичката програма ќе ја води xaraxiri.
На Брод Армада од 21:00 часот ќе се емитува филмот Pelikan.
Со почеток во 18:30 часот на плажата Сараиште ќе биде организран разговор со @juliangenisson и @cikaike – „Наводно забавна работа што никогаш повеќе нема да ја направам“.
Во сабота пак, на плажата Сараиште од 19:30ч. ќе се оддржи изложба на уметничките дела кои што се изработија од неупотребливи и отпадни материјали на работилницата РЕ-КРЕ-АРТ.