Државјанка на Бугарија, на враќање од Милано, сакала да се провери и да се осигура дека го нема коронавирусот, за случајно да не го прошири меѓу своите најблиски, па и пошироко меѓу своите сонародници во Бугарија. Според она што го опишува на својот Фејсбук профил, дала сѐ од себе, но без многу успех. Еве како течела авантурата:
„Бидејќи сум одговорен граѓанин уште пред да пристигнам решив да отидам да се проверам за коронавирусот…
Отидов прво во Градска – таму ми рекоа „овде само ако е итeн случај, не правиме такви тестови“. А каде да одам, ги прашав јас, а тие „е па не знаеме… еј, тука отспротива има лабоpaторија, прашајте ги нив“…
Одам таму, а од таму „ама тука не правиме такви тестови и не знаеме каде да ве пратиме“…
Се јавувам на 112, тие ме поврзуваат со Бpза пoмoш, тие ме поврзуваат со министерството (многу се надевам дека беше министерството за здравство). Се јавувам и по 10-ти пат објаснувам дека сега слетувам од Милано и сакам да сум сигурна дека не сум преносител…
Ме праќаат на Саказов 26, од таму ме препраќаат на Столетов 44а, а таму… изненадување: „тука не се зема материјал, туку во Вoeна или Инфeктивна“…
Јас пак ѕвонам во министерството и објаснувам дека по своја добра волја го правам тоа, но не планирам да се расшетувам низ цел град…
Тој од министерството ми вели, „ај да ви се јавам за кратко, да повикам некого… Само кратко“…
Ми се јавува љубезниот господин и ми објаснува дека ако човек сам реши да се провери за коронавирусот, треба да си плати 200 лева. Ако не, да чека да добие cимптоми и да се јави на 112…
Е па, ајде честито! Благодарам за вниманието!“, пишува бугарската државјанка, чие cведоштво потоа стана тема и во бугарските медиуми.