Кога страствен пушач ќе реши да се откаже од цигари, обично има големи проблеми при одвикнувањето. Совети, разни методи, никотински налепници и триста препарати против пушење… и некогаш пак не помага.
Денес 47-годишниот Ibrahim Yücel исто така пушел како Турчин… Зашто е Турчин, ама и зашто пушел по 2 кутии дневно цели 26 години. По неколку обиди да се откаже, решил дека е време за радикални мерки.
Инспириран од моторџиските кациги, Ибрахим си направил метален кафез кој го носел на глава секогаш кога излегувал надвор. Клучот од кафезот стоел кај жена му или ќерка му. Му го отклучувале само кога треба да јаде, или кога имал важен разговор на мобилен.
Од експериментов на Ибрахим поминато е некое време. Пробавме да најдеме информација дали му успеало да се откаже од цигари, но за жал не успеавме. Ама вака кога подобро ќе размислиме, имал ли избор?