My Drive е одлична апликација која значително ќе ви го олесни начинот на кој ги пренесувате фајловите и содржините од компјутер на вашиот iPhone. Со My Drive нема потреба од поврзување преку кабел и копирање на фајлови, туку доволно е смартфонот да се поврзе на иста Wi-Fi мрежа како и компјутерот.
My Drive апликацијата е компатибилна со компјутерите кои работат на оперативниот систем Windows 7 и преку Wi-Fi мрежата креира виртуелна USB конекција, па многу лесно ќе префрлувате слики, песни, видеа и друга содржина.
Освен пренос на фајлови преку Open In опцијата ќе може директно да уредувате документи и апликацијата ги подржува сите PC функции за уредување на фајловите. My Drive работи само на уредите од iOs 7 платформата и може бесплатно да ја превземете од App Store.
Teкстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk