Како Најк пропушти да потпише со Стеф Кари

stephen-curry-111614-getty-ftrjpg_1g9uniki9wquj1n6zuy6acwphl[1]

Кога денешниот најдобар кошаркар во НБА – Стеф Кари влезе во лигата, тој потпиша со Nike. Всушност, статистички, 68% од сите кошаркари го потпишуваат својот прв договор со Nike, а ако се додадат и спортистите со договор потпишан со брендот Jordan, тогаш бројката расте до 74%. Со други зборови, тројца од четворица добиваат договор со најголемиот спортски бренд.

Договорот на Кари со Nike траеше до 2013 година. Истата сезона, кога тој забележа 54 поени во салата на Њујорк Никс – Медисон Сквер Гарден, тој го носеше моделот Nike Zoom Hyperfuse. Патиките во моментов се закачени на ѕидот на имотот на Кари во Bay Area.

Средбата за продолжување на договорот на Стеф Кари беше закажана за август, во сала која се наоѓаше три ката под тренинг игралиштето на Голден Стејт. На средбата не присуствуваше консултантот на Nike – Лин Мерит (кој е советник и на Леброн Џејмс), што укажуваше на приоритетот, или поточно недостатокот од приоритет на средбата.

Наместо тоа, преговорите беа предводени од тогашниот маркетинг директор на Nike – Нико Харисон. Таткото на Стеф, поранешниот НБА играч Дел Кари, обелодени дека за време на средбата името на Стеф е згрешено на неколку наврати. Дури очекувал и да го поправат кога го изговарал правилното.

Вака или така, првата понуда на Nike беше 2.5 милиони долари. Се разбира, беше одбиена. Следната понуда со која Nike пропуштаат да го задржат Кари требаше да е со иста вредност како онаа од Under Armour т.е. околу 4 милиони долари годишно. Најк пропуштаат да го направат предлогот и така Стеф потпишува со конкурентите.

„Кога имаш договори со Коби Брајант, Леброн Џејмс и Кевин Дурант, секој друг кој потпишува со Nike паѓа во нивната втора постава. Освен тоа, следните мети на Најк беа Кајри Ирвинг и Ентони Дејвис“, вели Дел Кари.

i(1)[1]

А сепак, прекинувањето на соработката со Nike можеби е една од причините за успехот на Стеф Кари.

Физички слабиот бек потпиша со Under Armour и денес е рекордер по постигнати тројки во НБА. За аналитичарите, Кари е човек вреден 14 милијарди долари. Зошто токму толку? Тие сметаат дека ако Кари не направи блескава кариера, проценката на Under Armour ќе биде на 14 милијарди долари. Ако пак продолжи по патот на Мајкл Џордан и се претвори во најголемата ѕвезда на компанијата, ќе придонесе за пазарна капитализација од 28 милијарди долари.

- Реклама -