Како на Советите им ја „џопнаа“ ексклузивата за слетувањето на месечината?

sovjet

Пред педесет години, како дел од советската вселенска програма, „Луна 9“ стана првото летало што направи меко слетување на Месечината или на било кое небеско тело. Во претходните три години, Советите веќе 11 пати неуспешно се обиделе да слетаат на Месечината, така што слетувањето на Луна 9 беше пречекано еуфорично.

„Месечината зборува руски јазик“, ечеле вестите низ Советскиот совет.

Но, иако претставниците од вселенската програма беа коректни во давањето информации за историскиот успех, неколку дена потоа не се објавиле сликите кои ги испратила Луна 9. Се очекуваше дека, во атмосферата на жестокото ривалство со САД, раководството на партијата ќе сака да се пофали со првите разгледници од површината на Месечината. Причините за одложувањето се нејасни до денес, половина век подоцна, никакви фотографии не беа доставени до медиумите, што ги натерало скептиците да се посомневаат во советските тврдења во врска со успехот на Луна 9. („меко слетување“ значи дека леталото се спуштило контролирано, а не дека паднало на површината).

Работата се искомплицирала кога Цеп Бернард Ловел, радио астроном од опсерваторијата Jodrell Bank во Манчестер, открил дека радио трансмисијата од лендерот не е шифрирана, што било реткост за Советските мисии. Ловел и неговите колеги се обратиле до списанието Daily Press и му понудиле да ги објави конвертираните форографии. Се користел истиот стандард со кој сите други новинари испраќале слики во радио формат.

„Во почеток имавме проблеми со прилагодување на опсегот“, објаснува Роберт Ривс, писател.

„Првиот обид ни донесе серија на црни линии оддалечени шест милиметри. Следниот ни покажа само светли линии. Но, тогаш ја погодивме вистинската комбинација; кога сигналот од Луна го провлековме низ машината ги добивме фотографиите од површината на Месечината. Благодарение на среќата и снаодливоста, луѓето од Jodrell Bank опсерваторијата и насобраните новинари беа првите кои надвор од Советскоит контролен центар го виделе овој разголен пејзаж“.

Звучи чудно, но британскиот весник му ги украл на советскиот печат ексклузивните фотографии од првото слетување на Месечината. Овие слики набрзо се проширени низ целиот свет, па дури и обичните граѓани на СССР имаа можност да ги видат.

„Пиратеријата“ беше осудена од страна на многу Совети, од научниците до дипломатот Анатолиј Благонравов, кој го обвини Ловел за неовластено објавување на фотографиите „поради, очигледно сензационалистички побуди“.

Се разбира, овде нешто сериозно не се вклопува. Ако Советите сакаа да го задржат монополот на првите снимки од Месечината, зошто не ги шифрираа како и другите, или барем да ги објавеа веднаш по пристигнувањето? Ова прашање продолжува да инспирира различни теории, вклучувајќи ги шпекулациите дека всушност ваков исход посакувале советските лидери на проектот.

Некои аналитичари велат дека Сејмон Лавочкин, дизајнерот на Луна, намерно во сондата вградил универзална опрема бидејќи тој сакаше радио трнсмисијата да биде примена во Jodrell Bank центарот, со најдобрата опрема во светот, за да сето тоа тие го конвертираат и објават, вели Мајк Керол во својата книга, The Seventh Landing. „На овој начин светот не доби прилика да го забележи послабиот квалитет на советската технологија“.

Без разлика дали е така или не, овој настан ја одразува состојбата на советската вселенска програма во 1966 година. Иако мекото слетување на Луна беше настан без преседан, тоа воедно беше и еден од последните големи успеси на СССР за време на вселенската трка со САД.

 

 

- Реклама -