Како на паметен начин да заштедите пари за вашиот дом?

Заштеда, заштеда, заштеда… Каде и да се свртиме, сите сакаат да се решат од непотребните трошоци. Еден од најмудрите начини за тоа е добро организираниот дом. Замената на старите куќни апарати со нови, со помош на напредната технологија, би можело да биде и тоа како мудар потег кога е во прашање долгорочната заштеда. Со разумно користење на природната енергија која може да се прилагоди на сечиј дом, освен што ќе му дадете современа нота на вашето живеалиште, ќе направите и исплатлива инвестиција за која никако нема да зажалите. Но, како тоа да го постигнете?

1. Обновливи извори на енергија

-Соларна енергија

Таа е сместена на кровот и ја претвора сончевата енергија во електрична, која се користи за потребите на домаќинството.

-Енергија на ветерот

Купувањето и инсталацијата на ветротурбината на крововите на куќите е најголем хит на напредната технологија. Искористувањето на енергијата на ветерот досега беше ограничено само со големите ветроелектрани кои поради своите димензии, бука и естетски недостатоци морааа да бидат прилично одалечени од населените подрачја, но во последно време ситуацијата драстично се промени.

2. Паметни термостати

Инвестирањето пари во термостат кој сам ја регулира топлината дома е мошне паметен чекор. Овој мал уред ќе го спречи расипувањето на топлинската енергија и ќе ви ги намали трошоците за струја. Можноста да го вклучите во кое доба сакате овој уред и да го загреете станот на посакуваната температура е инвестиција која е вредна за пофалба и која пружа комфорт дури и кога ќе „стегне“ зимата.

Прочитајте и:  Зимата и затворениот прoстор значат поголема опасност од мувла

3. Сензори за светло

Можеби на прво слушање ви се чини непотребно, но, доколку имате деца дефинитивно ќе ви се исплати. Зошто да ги опоменувате секој пат да го изгаснат светлото кога ќе излезат од просторијата, кога на овој начин самите светилки ќе го направат тоа.

4. Паметни куќни апарати со кои ќе можете да управувате со помош на мобилниот

Ова дефинитивно ќе внесе повеќе динамика во домаќинството. Ваквите уреди може да користат информации за вашата лична потрошувачка, и по таа основа да ја контролирате вашата работа. Покрај тоа, овие уреди ќе бидат во можност да „комуницираат“ и со енергетските компании, кои врз основа на индивидуалната потрошувачка ќе ги прилагодат месечните сметки. Добрата вест е што овие уреди веќе ги има на пазарот, а и цената не е толку висока колку што звучи.

5. Уред за заштеда на водата

Иако често сакаме да се релаксираме поминувајќи минути и минути под тушот, сепак, факт е дека тоа не е добро ниту за околината, ниту за вашите сметки. За среќа, на пазарот постои еден едноставен мал уред наречен „Water Pebble“, кој можете да го ставите на ногата додека се туширате. Тој ќе ви помогне со зелено, жолто и црвено светло, сигнализирајќи кога е време да излезете и да престанете непотребно да ја трошите водата.

- Реклама -